Се смета дека делото е изработено некаде околу 1665 и прикажана е анонимна жена со богат шал за глава и една бисерна обетка на левото уво. Вака може ни се чини дека е тешко да се најде нешто вознемирувачко на сликата - ама денес. Во тоа време, исто како и со Мона Лиза, луѓето просто биле навредени затоа што - девојката има копнеж во погледот, а устата ѝ е благо отворена.
Ова веројатно било скандалозно во културниот релјеф на 17-от век и се сметало за сексуално експлицитно. Истовремено го ставило Вермер во директна опозиција на Мона Лиза (со ѓаволски залепените усни) и без разлика што е поминато многу време, елементот на историска шок-вредност продолжува да ја продлабочува мистиката околу Девојка со бисерна обетка.
Со ова играше и филмот од 2004, со Скарлет Јохансон и Колин Фирт, базиран на речиси комплетно фиктивна приказна, каде што „Девојката“ доаѓа да работи како слугинка во куќата на сликарот, за на крај да заврши како модел. И како една суптилна референца на „безобразноста“ на делото, токму сопругата на Вермер во филмот ја нарекува „дрска“. Ова во приказната се должи на нејзината повреденост околу настаните, но таа остра реакција веројатно е индикативна за тоа како се чувствувала и јавноста во тоа време.
А сега, целата дрскост: