Научете се да се шминкате

Живееме во време кога од една страна се фали и обожува шминката, а од друга се инсистира дека секоја жена е убава и без шминка. Плус, ова е време кога не можеш така лесно да се истрчаш и да кажеш „аман, нашминкајте се, за никаде сте“, без да предизвикаш масовна онлајн расправа.

На Тикток, една креаторка, Сабрина Али, сними видео каде што инсистира дека луѓето мора да почнат да се шминкаат, барем за некои настани.

„После одредена возраст,“ вели таа, да излезеш на било кој настан, дотерана, со штикли и сè, а ненашминкана - е неприфатливо.

Ми е гајле колку мислиш дека си убава со голо лице. Сите мислиме дека сме убави ненашминкани, нели? Но има време и место за тоа. Без шминка не е секаде прифатливо, пораснете и научете да се шминкате.

Затоа и им кажувам на луѓето да научат некои работи додека се млади, или ќе мора упорно да плаќаат за услуги што можат сами да ги прават. Затоа, научете се да се шминкате и избегнувајте да доаѓате на настани убави, но ненашминкани.“

Видеото е тргнато во моментов, но коментарите беа илјадници.

Феноменот не лежи во ставот, туку во одлуката да се објави ова, години откако стана недозволиво на жените да им се кажува што да прават во однос на изгледот.

А сепак, што фали на шминка?

Eве, може и да научиме нешто:

 

27 септември 2023 - 12:01