Во документарната серија на ЕплТВ+ - Супермодели - Крафорд, која сега има 57 години се отвори за раните фази од врската со Ричард Гир со кој се омажи во 1991.
„Мислам дека имав 22 кога се запознавме,“ вели таа. „На почетокот на врската, кога си млада, викаш Ти сакаш спорт? И јас сакам спорт. Многу те интересира тибетански будизам? Можеби и мене. Ќе го пробам. Спремен си да се обликуваш околу кој и да е тој што го сакаш.“
Зборува и за начинот на кој кариерата ѝ се менувала во тој период. „Тој беше постар, па бев во поинакви кругови и не ги правев сите тие модни работи веќе.“
Зборувајќи за рекламата за Пепси што ѝ ја лансираше кариерата во 1992, вели дека врската со Гир се случила во време кога се откачила од елитата на високата мода и преземала повеќе контрола.
За црвениот Версаче фустан што го носеше на Оскаарите во 1991:
„Ме поканија на Оскарите со Ричард. Си реков, добро, за што ги бива манекенките? Да знаат да носат нешто. Мислам, има да изгледам добро. Така размислував, ќе одам на Оскарите, има да бидам супермодел.“
Ни тој ни таа не зборуваа многу за нивната врска, ни со децении откако се разделија. Еднаш во 1995, Крафорд има кажано дека оддалеченоста имала влијание:
„Не поминувавме доволно време заедно и бевме еднакво одговорни за тоа. Мислевме дека е доволно само да летаме од Париз до Л.А. по една вечер за да се видиме. Не беше.“
Не сподели повеќе од тоа ни во автобиографијата - само дека научила многу од него, вклучувајќи и како да биде славна. За моменталниот однос вели дека им е пријателски, но сепак ѝ е станат туѓ.
„Речиси стана Ричард Гир повторно. Мислам дека дел од проблемот беше што бевме многу работи, но не знам дали бевме пријатели, затоа што јас бев млада, а тој беше Ричард Гир. А јас почнав да растам и да се стабилизирам, а тешко е да се смени природата на врската кога си веќе во неа.“
Се разведоа четири години по венчавката, во 1995. Гир се ожени за Кери Лауел во 2002 (се разделија во 2013) и имаат син Хомер, а Гир е и очув на ќерката на Лоуел, Хана. Во 2018 се ожени за Алехандра Силва и има уште две деца - Александер и уште еден син.
Крафорд е мажена за Ранд Гербер со кој го има синот Пресли и ќерката Каја.