Иноваторот Чарлс Л. Лангс, индустријалист од Детроит ја смислува идејата додека ја гледа неговата сопруга Мери како се мачи со прерамките на „обичниот“ костим за капење.
Се тврдело дека корпите ќе останат залепени дури и ако скокнеш во базен од даска, се ветувало и безболно вадење, ама за тоа никој не може да гарантира. Рекламата во Лајф вели:
„На секоја жена ѝ дава впечатлив изглед, особено кога ја гледаш во грб.“
Се нашла и публика за ова чудо, особено затоа што не било модерно да имаш линии од потемнување, како што може да се види и на сликата каде што во салон на Хелена Рубинштајн прават третман за избелување кожа (ја имаат исфарбано жената за да покажат).
Денешните изгледаат вака:
Ама им фали иновативноста да се нудат како производ што може да се носи и на плажа и по спортови. Замислете.