Да го запознаеме Мајкл Корс

Стварно, ви текнало некогаш да се зачитате кој е и што е Мајкл Корс? Човекот што се крие зад оние превртен трапез ташни со неадекватна естетика?

Да одмориме од боја

Има нешто смирувачко во обоен стан, ако знаеш како да го изведеш тоа. И уште посмирувачко во дом со неутрални бои, ако знаеш точно каде да вметнеш виножито.

Читај ако не те бива со сенки за очи

Понекогаш се супер текстови за компетентни, возрасни луѓе со сериозни животи, кои се мачат со тривијални работи како сенка за очи и толку се потресени што решаваат цела ода да му напишат на проблемот.

Теоријата дека Пепелашка е неспособна паѓа во вода

Конечно, за сите со недоучен феминизам, за кои сите Дизни принцези се „неспособни лепотици што чекаат да ги спаси принц”, некој решил да елаборира зошто не е така, и тоа за приказната што најчесто се зема за пример: Пепелашка.

Модна кариера без модни студии?

Дали диплома од модни студии вреди за парите на прагот на 2019-та? Што треба да се студира ако сакаш да работиш со мода? Прашањето често се поставува, а одговорот е различен во зависност од тоа кого прашуваш.

Halloween ентузијасти, соберете се

И не давајте да ви викаат „тоа не е наш празник.” Да, во право се, и ви е гајле, тоа е само изговор да се исшлапате со чудна шминка и тематски да се соберете со друштво. 

Козметичарката што забрани деца во салон

Замислете го следното: конечно сте нашле време да закажете некакво разубавување во салон. После неколку недели напорна работа, конечно можете да легнете за некој да ви ги среди веѓите/разубави трепките/нашминка и слично, и таман мислите дека конечно дојде време за релаксација, сфаќате дека атмосферата е повеќе игротека отколку зен.

Што не сте знаеле за Версаче

Не сме знаеле на пример колку се мачат Американците да му го изговорат името, па брзо-брзо решаваат дека „Џијани Версачи” е супер варијанта.

Имате ли вие „фиока за лош ден”?

Би му дошло како „виртуелен или физички простор, каде што ги чувате сите работи што би можеле да ви разубават лош ден.”

Малото ташниче со кратка рачка се враќа

Многу полесна за носење од овие големите што ги носевме последниве неколку години, а многу попрактична од микро-ташната што собира само кармин и мобилен, некогаш и само едно од овие.

Бушава азбука за квази-модни ентузијасти

Ај што се квази... него што се самоуверени, што правиме?

Ризици што вредат

Да ризикуваш со облека е релативно лесно со оглед на тоа што пред да излезеш од дома можеш да се предомислиш, а ако се предомислиш на пола ден, секако на крај ќе се соблечеш. Да ризикуваш со малку потрајни работи како боја и ѕидови по дома бара повеќе храброст.

Каков е вашиот кармин?

Ви текнува на времето по списанија, имаше да тестираш каква личност си според тоа каква форма ти има фатено карминот после недели или месеци користење? Глупости беа тоа малце, ама тоа не го прави феноменот помалку интересен.

Дебелите дојдоа по Викторијас Сикрет

Пред да спиштите и да почнете да отварате петиции, да се разбереме: одма ќе ви стане јасна иронијата околу она „дебелите”, кога ќе ја видите „дебелата” што отвара петиција за бојкотирање на ревијата на Викторијас Сикрет.

Хилари, Моника и новата проблематична хистерија

Денешното нововоспитано интернет граѓанство не ја пушта Хилари туку така. Дали ќе им помине или ќе се префрлат на малтретирање на некој со многу помало влијание од нејзиното, останува да видиме.

Лагерфелд и Пума

Креативниот директор на Шанел и сопственикот на брендот со неговото име, после еден куп успешни соработки, сега ќе работи со Пума.

Се разбира дека постои маска „Секси Меган Маркл”

Два моменти врежани во поп-културата имаме за разгледување: едниот е кралската свадба, Хари и Меган Маркл жигосан во медиумската историја. Другата е потребата од сè да се направи порно, подкатегорија: од сè да се направи секси костим за маскенбал.

Што е „афантазија” и дали ви се случува?

Кога некој ќе ви побара да замислите нешто, како ви оди?

Тргнете се да помине туторијалов за веѓи од 1938-ма

Не, Инстаграм не ги измисли веѓите и Јутјуб не ги измисли туторијалите за веѓи. Уште во 1938-ма кој не бил природно надарен со фат и осет за веѓи можел нешто да поднаучи од телевизија.

Лажната мода на Кореја и како може да оформи еден стил

„Опкружена сум со монограми откако знам за себе, дури и пред да знам да ги прочитам. Мали LV-а, преклопени C и G, често и на рака кај мајка ми. Сепак, овие не беа направени во Париз, туку во Итаевон, соседството во Сеул познато по пазарот на лажњаци.”

Урсула и црвениот кармин

Како што доликува на ’90-ти, става пена за коса. Потоа, зема школка, ја стиска силно за да излезе некој црвен пигмент за кој сега сум благо загрижена дека може да беше крв и ги бои усните во два брзи потези. Два!

Како Fenty Beauty го освои светот?

Кога Ријана прв пат објави дека има намера да почне со шминка и нега на кожа, светот само како да рече „па, добро”, и не е за лутење, со оглед на тоа што Фенти требаше да биде само уште една од низата колекции со славно име на нив. А ако ви текнува, го преплавија светот, и уште се трудат да го преплавуваат. И критичарите се запрашаа, што тоа толку ќе понуди Fenty Beauty што веќе го немаме од ликови како Кајли Џенер, на пример? Ријана уште што не рече „ај, ќе видите.”