Лагерфелд и Пума

Креативниот директор на Шанел и сопственикот на брендот со неговото име, после еден куп успешни соработки, сега ќе работи со Пума.

Темата е модна капсула со 13 модели, машки, женски и унисекс. А Лагерфелд е on fire, после сите одлични соработки во последниве години: имаше со Ванс, имаше со Каја Гербер (Каја Гербер е ќерка и копија на Синди Крафорд), имаше со H&M, и со нив ја направи најдобрата реклама во модната индустрија, и уште има, покрај ангажманите што ги има со неговиот бренд и со Шанел.

Последново ќе биде прво за великанот за спортска опрема и ќе ја означи 50-годишнината од патиката Puma Suede Classic. Моделите, се разбира, ќе бидат црно-бели, а Лагерфелд ќе ги означи со очила што би се ваделе или илустрација.

Намерата била да има само патики, со тоа што после се проширила на цела линија гардероба: ќе има горна тренерка инспирирана од смокинг за жени и слим-фит дуксер за мажи со качулка (слим-фит дуксер за мажи, хе). Долните тренерки ќе бидат исти за сите и ќе има маици со логоа.

Колекцијата ќе ја има на сајтот и со незначителен шипинг може да ја има и кај вас дома.

16 октомври 2018 - 13:22