Ајде да броиме денови:

Карл Лагерфелд ќе соработува со Ванс

Поминаа 13 години откако Карл Лагерфелд се спои со H&M, соработка од која што излезе една од најјаките реклами на сите времиња. Колку и да е висока мода, на Лагерфелд финтите со помали брендови од неговиот не му се туѓи, ги бира умно и најново му е тоа што ќе работи со Ванс.

Ванс уште се држи, особено кај професионални скејтери и ентузијасти за улична мода. Последниве неколку сезони, класичните, црни Ванс патики на многу луѓе им се видоа фини за на Инстаграм.

Сега WWD известува дека колекцијата на Ванс и Лагерфелд ќе се појави по продавници ширум светот на 7-ми септември, и за тие што едвај чекаат да видат како тоа ќе изгледа, еве sneak-peek: Спојувајќи ги универзумите на двата брендови, шаховницата на Ванс ќе добие камео мотив со препознатливиот профил на Лагерфелд од букле материјал, па буквата К, и други ситници препознатливи за креаторот.

Покрај тоа што ќе има сосема нови производи, ќе се реинтерпретираат неколку класични модели на Ванс, (вклучувајќи ги и Sk8-Hi без врвки и сите Old Skool модели без врвки).

Кај облеката, која се разбира во најголем дел ќе биде црно-бела, ќе има на пример маица со сликата на Лагерфелд со шах-кравата, ранци, дуксери и бомбер јакни, ќе има кожа, букви К, профилот на Карл и се друго што модниот свет едвај чека да го види.

Спојувањето на овие два бренда е фантастичен чекор, само што од такви како Ванс и Лагерфелд и не може да се очекува помалку. Воодушевувачки е што повремено Лагерфелд решава да се симне од височините и да ја сподели својата уметност со луѓето кои баш и нема така лесно да се фатат за Шанел, од било какви причини.

А сега, дај ние да се потсетиме на генијалната реклама. Тој шок, тој outrage, како само ја смислија!

29 август 2017 - 12:26