Ова е конкретно за луѓето што и оваа година ќе решат да прескокнат секси-варијанта на што и да е. Да не забораваме дека постои „Секси Меган Маркл”, а и внатре во тој текст се крие едно уште побизарно секси, со црвено капче.
Е сега, ако сме реални, „пуна ратна спрема”, односно шминка + гардероба знае да биде напорно, па еве една селекција од онлајн ликови што можете да ги посетите за да се инспирирате.
Се разбира, никој не ви брани целосно доживување. Чисто како идеја, овие неколку начини на изобличување себеси за „позајмениот” празник се доволни и сами по себе, без да додавате и партали преку тоа.
Иако, некои од нив се понапорни за правење од партали... Ама па, замислете го ефектот:
Не ви се прави Халовин? Букмарк тогаш, затоа што секогаш постои 1-ви април.