Што не сте знаеле за Версаче

Не сме знаеле на пример колку се мачат Американците да му го изговорат името, па брзо-брзо решаваат дека „Џијани Версачи” е супер варијанта.

После неколку нескромни извртувања на името Версаче, нараторката ги почнува своите 15 спремени факти за дизајнерот кој прв го почна трендот на дружење и облекување славни личности, само што неговите не беа било кои, туку баш принцезата Дајана и Елтон Џон, на пример.

Од Елизабет Харли можеби ни ноџе немаше да видиме во Bedazzled да не се појавеше во, според Телеграф, најдобриот фустан на сите времиња, па да влезе на мапа.

Понатаму, знаевте дека има Версаче хотел? Да, единствен брендиран, дизајнерски хотел.

Само десет години откако почнува да постои, куќата достигнува вредност од 800 милиони долари.

Четириесет години подоцна, си кешира 2,12 милијарди од Мајкл Корс за да влезе под негова капа, а со истиот концепт и сосе Донатела.

23 октомври 2018 - 23:29