Мајкл Корс го купи Версаче за 2,12 милијарди долари

Може во нивните кругови се шушкало, ама за нас, обичните потрошувачи громот од ведро небо е официјален: Мајкл Корс го купи Версаче.

Брендот Мајкл Корс е од 1981-ва, Џани Версаче го основаше Версаче во 1978-ма, а сега го држи Донатела Версаче. Односно, веќе не, затоа што го продаде на Мајкл Корс за 2,12 милијарди долари. После трансакцијата, Мајкл Корс Холдинг ќе се преименува во Капри (Capri Holdings Limited).

„Ова е многу возбудлив момент за Версаче,” изјави Донатела Версаче. „Повеќе од 20 години поминаа откако ја преземав компанијата со брат ми Санто и ќерка ми Алегра. Се гордеам што Версаче останува силен бренд и во модата и во модерната култура. Версаче не е само синоним за иконичен и непогрешив стил, туку и за инклузивност и прифаќање на разноликоста, како и охрабрувањето на луѓето да се изразат. Санто, Алегра и јас препознавме дека ова е следниот чекор што ќе му дозволи на Версаче да го достигне својот полн потенцијал.”

Семејството ќе задржи улога во компанијата, со Донатела која имаше повеќе успеси од минатата година наваму и ќе остане како дизајнер. Извршниот директор Џонатан Акеројд ќе продолжи да го води менаџерскиот тим.

Капри инаку лани го купи Џими Чу за 1.2 милијарди.

Од каде Мајкл Корс со сумњивата естетика за ташни стигна да го купува Версаче е сè уште мистерија, ама со среќа. Возбудливо е и да се очекува што ново ќе извадат од таму.

27 септември 2018 - 10:43