Мајкл Корс го купува Џими Чу

Ве интересира колку чини да идеш до берза и да си набавиш компанија како Џими Чу? Само 1,2 милијарди долари.

Џими Чу е кондураџија што го побудале светот, од 1990-та па навака. Компанијата ја основа во источен Лондон и славните личности се вљубуваат во него – Принцезата Дајана често носеше Џими Чу, и она и таквите како неа го претворија во луксузен бренд. Познат е по штикли и додатоци и продава во Лондон, Париз, Њујорк и Токио.

На продажба се појави во април, откако сопственикот (на повеќето акции) ја истакна намерата да се фокусира на потрошувачка роба.

Од друга страна, Мајкл Корс, кои некогаш беа најзвучно име за ташни и друг луксуз што не чини толку многу илјадници долари, се мачеа во последно време со продажба и муштерии. Како резултат на тоа, почнаа да прават фустани и машки колекции и инвестираа во нивниот онлајн бизнис. Околу купувањето на Џими Чу, викаат дека компанијата ќе продолжи да функционира како досега, под истиот менаџерски тим.

„Џими Чу е премиум луксузен бренд што нуди поинакви обувки, ташни и други додатоци,“ вели Мајкл Корс, почесниот претседател и главен креативец на фирмата. „Восхитени сме од гламурозниот стил и трендсетерската природа на креациите на Џими Чу.“

26 јули 2017 - 10:30