Малото ташниче со кратка рачка се враќа

Многу полесна за носење од овие големите што ги носевме последниве неколку години, а многу попрактична од микро-ташната што собира само кармин и мобилен, некогаш и само едно од овие.

Како што ќе рече Вог, формата на најмодерната ташна сезонава е некаде меѓу лак за коса и фиксер телефон. Прво ти доаѓа глупо од описот, па после сфаќаш дека е баш така.

Во денешно време за трендсетери се сметаат Кендал Џенер и Бела Хадид (не навлегуваме дали им текнува сами, или некој им ги тутка да ги мкнат па така го „сетираат трендот”), а слики од нив со ташните објави кој стигна, па изгледа нè чека таква сезона.

А каде лежи, според Вог, привлечноста на додаток кој изгледа вака? Па, како прво, оваа ташна е многу полесна за носење од овие големите што ги носевме последниве неколку години, а многу попрактична од микро-ташната што собира само кармин и мобилен, некогаш и само едно од овие. Оваа модернава барем и цигари може и некое новчаниче. Мало. Безбедна е од лопови затоа што е заштитена под мишка, како појачање за краткиот каиш. Измислена е за излегување, а приликата ретко ја ограничува.

Уште една причина е носталгијата за ’90-ти и колку овој модел нè враќа назад, во позитивна смисла. Имаше ташниче на Фенди тогаш, па ташната на Кери Бредшо каде што носеше свашта, па една од пролетната колекција на Гучи од 1998-ма, каде што на ревијата правоаголни ташни се носеа околу врат.

Плус, ги биваше и надвор од писта. Ќе ви текне на ова:

22 октомври 2018 - 17:38