Теоријата дека Пепелашка е неспособна паѓа во вода

Конечно, за сите со недоучен феминизам, за кои сите Дизни принцези се „неспособни лепотици што чекаат да ги спаси принц”, некој решил да елаборира зошто не е така, и тоа за приказната што најчесто се зема за пример: Пепелашка.

Луѓето уживаат да тврдат дека принцезите на Дизни се лош пример, па уживаат и да се фалат дека на нивните ќерки не им пуштаат такви бљувотини, а реалноста е дека нè има и такви што уживавме во Пепелашка како мали, па еве работиме нешто и не чекаме некакви принцови.

Да тврдиш дека Пепелашка е глупача што „имала среќа” да се омажи за принц „затоа што е убава,” е чист промашај на поентата, па дури и обвинување на жртва на малтретирање.

Зошто е проблем да се сфати дека Пепелашка успеа да се избори со непријатната семејна ситуација и со добрина, ентузијазам и креативност успеа да се спаси самата себе?

Дозволете да ви се објасни:

25 октомври 2018 - 21:35