Бушава азбука за квази-модни ентузијасти

Ај што се квази... него што се самоуверени, што правиме?

Наапани зналци по државава колку сакаш, без грам интроспекција и барем, информативно истражување на Сократовото „јас знам дека ништо не знам!”, ама па во конкретнава прикаска, општеството е криво што мода и Сократ не одат заедно - а, очигледно - треба.

Инспирирано од еден поразителен статус на Фејсбук, за уште попоразително самоуверено незнаење (мал пораз, реално, барем за нас кои нè интересираат тие води), ред е да се потсетиме како одат некои работи.

Сведоштвото:

Еј, па уште ја поправа! Еве, да речеме дека забележување презир кај соговорникот е субјективна работа, ама - ја поправа, сепак!

Не дека после ваква надменост личноста ќе седне дома, или барем на пауза на работното место (на кое мора да знае како се изговара Moschino!), да напише 'Moschino pronunciation' 'how to pronounce Moschino' (а интернетот е голем, и дава безрезервно), ама ете, ако некој се сомнева, или можеби дури и таа ќе начека, еднаш веќе објавивме. Но со оглед на тоа што ова видео е долго и има можеби премногу термини за во еден ден (а скраја било професионалците да се спремат за своето поле!), ете, најдовме пократко:

И за крај, ако милувате да се правите паметни, секогаш сомневајте се во своето знаење.

Брука.

22 октомври 2018 - 15:21