Тргнете се да помине туторијалов за веѓи од 1938-ма

Не, Инстаграм не ги измисли веѓите и Јутјуб не ги измисли туторијалите за веѓи. Уште во 1938-ма кој не бил природно надарен со фат и осет за веѓи можел нешто да поднаучи од телевизија.

Со нарација со машки глас кој мудрува, божем нешто разбира, па кажува гачки, уште во '38-ма се пуштале едукативни видеа за тоа како може лицето комплетно да се нашминка, без да се заборават веѓите.

Е сега, какви требало да бидат во тоа време е друг муабет и не треба да дозволиме никогаш да се повтори, ама сепак, не е лошо да се ѕирне ова фино парче телевизиска историја:

А не е еден ваков доказ дека имало живот и пред интернетот. Имавме и за бизарниот правец на капите во '50-ти, и за машките салони за убавина во '60-ти, и најјакото - како правеле пудра пред 60 години.

Него, примети ли некој како изгледа жената земена за пример на муабетот „ако имате над 40 години”?

Фала богу помина тоа.

15 октомври 2018 - 17:36