Нè спремаа со по некоја скромна слика од тоа што ќе се продава како дел од новата соработка на H&M со Москино, ама сега дојде ревијата и сега имаме видео.
И стварно не е фер колку добро сè тоа изгледа.
Многу црно и златно, многу светки (еден цел комбинезон од светки!!!) и многу, многу Џереми Скот.
Прво, и најважно за делот од светот што не носи Прада торби за опрема во теретана - колекцијата е affordable, односно, најевтиното парче е 25 долари, а најскапото 300 - а се добиваат елементи од скапите колекции на Скот: цртани помешани со улична мода, поп музика и се што сјае.
„Сакам на моите фанови да им дадам целосно Москино,” вели Џереми Скот. „Цените што може да ги постигне H&M, притоа задржувајќи го квалитетот, се цени што јас во Москино не можам да ги постигнам. Не е работата да биде ‘ова е како вистинското.’ Ова се ствари што се кул, што сакам да ги носам и вљубен сум во нив. Толку е оригинално и тоа ми е подарок за фановите.”
А ние дури и научивме како правилно се изговара Moschino, ви текнува? Баш скоро!
Излегува на 8-ми ноември.
А сега, кој ќе кампува пред најблискиот H&M?
Затоа што, еве: