Како Fenty Beauty го освои светот?

Кога Ријана прв пат објави дека има намера да почне со шминка и нега на кожа, светот само како да рече „па, добро”, и не е за лутење, со оглед на тоа што Фенти требаше да биде само уште една од низата колекции со славно име на нив. А ако ви текнува, го преплавија светот, и уште се трудат да го преплавуваат. И критичарите се запрашаа, што тоа толку ќе понуди Fenty Beauty што веќе го немаме од ликови како Кајли Џенер, на пример? Ријана уште што не рече „ај, ќе видите.”

Денес, Fenty Beauty е многу повеќе од проширување дејност на една славна личност, многу повеќе од успешен бренд за убавина - стана симбол за онаа инклузивност што му фалеше на светот на шминката. Многу повеќе од Кајли, Ким Кардашијан или Глосиер, Фенти ја претставува иднината на шминката за миленијалците и Gen Z потрошувачите.

А Ријана стварно се разбира од инклузивност.

Дури и пред сето тоа, Фенти се разликуваше од просечниот нов бренд. Како се ближеше датумот на лансирање, така растеше возбудата што ја предводеа прво фановите на Ријана (а ги има многу, со клањање и обожавање), па таа ги најави нијансите (40 на број!) што требаше да бидат дел од првата колекција, па жените од сите раси кои дотогаш традиционално беа исклучени од престижни мејкап колекции со само неколку темни и се друго беж нијанси - беа воодушевени. Истиот месец кога излезе, на возбудата придонесе Харви Николс со продавање еден Фенти кармин на секои три минути и со тоа колекцијата станува најуспешна во продавницата дотогаш. До крајот на 2017-та, Фенти носи 17% профит, а појавата на брендот која се случи во исто време со Њујоршката модна недела, беше толку монументална, што Њујорк Тајмс праша: “Is it New York Fashion Week? Or is it Rihanna Inc.?”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Дали колекцијата на Ријана е стварно толку добра?

Фенти заработи многу, но влијанието му вреди многу повеќе од парите. Прво, им смени курс на другите луксузни брендови: повеќе не можеа да се извадат со батали инклузивност и вклучување на жени од другите раси, кои сега можат едноставно наместо да доаѓаат кај нив, да си купат Фенти. И потрошувачите дигнаа галама не само со купување на тоа што им одговара, туку и со прозивање на брендовите што „не се како Фенти”. Кога KKW пушти 16 нијанси на коректор само шест месеци после раѓањето на Фенти, Ким Кардашијан ја направија партал што не обезбедила адекватни нијанси за луѓе што не се белци.

И Ријана не запира тука. Она што е можеби најимпресивно за овој нејзин бизнис е што на секој прогресивен и успешен чекор, го тера уште понатаму. Покрај огромниот успех со нијансите, Фенти бира и да се рекламира вклучувајќи секакви варијанти на луѓе - промовира модели од сите раси и форми на тело, па крши и табуа и граници користејќи и кампањи со мажи, на пример.

Оваа година, Savage x Fenty снимаше реклами сосе многу трудна Слик Вудс која се породи веднаш после шоуто. Savage x Fenty претставува еден нов вид на секси, една модерна сексуалност која отиде многу подалеку од идеалите за убавина со кои што сме пораснале и кои да речеме, сè уште ги негува Викторијас Сикрет. Да се биде убав и секси значи да бидеш и со облини (па и трудна!), со избричена глава, со тетвоажи и пирсинзи, не мора да си бела, слаба и женствена. Значи да си ја прифатиш и моќта и ранливоста еднакво.

Како Ријана се шминка за излегување

Како што завршуваше 2017-та, Фенти влезе во 25-те најдобри иновации на Тајмс, и нема намера да запре. Желбата за уште Фенти не замира, напротив, луѓето едвај чекаат да видат ново и молат за уште: Фенти мебел? Фенти долна облека?

Можеби, со оглед на тоа што Ријана вели дека „за тој бренд, само небото е граница.”

12 октомври 2018 - 12:35