Сме имале љубовни писма до маскара и црвен кармин, а сме имале и воодушевено писмо околу карминот на Урсула.
Ова не е некое љубовно писмо, ама може да влезе во една безимена категорија што на никој не му текнало дека ќе постои. И покрај сите стресови што ги носи животот, понекогаш сакаш да седнеш, да се напиеш кафе и да создадеш еден елаборат од мисли - за тоа како не те бива со шминка.
Сенка, поточно.
„Еднаш ми успеа да „имам сенка на очи” и тогаш не ни користев сенка.
Две другарки требаше да се мажат, па почнав да гледам туторијали на Јутјуб, мотајќи воведи до делот каде што некоја инфлуенсерка ќе си ги претвори нејзините нормални очи во Инстаграм-очи. Оние, со издвоен капак и толку остро „мачкино око” што може да ти ја исече раката. На крај, најдов едно видео каде што Дези Перкинс само стави хајлајтер над очите со мокра четка и си реков дека тоа е доволно лесно за мене.
Никој не кажа нешто посебно за моите очи таа вечер, ама некој ме нарече „изгубена Кардашијанка” па мислам дека функционираше. Или тоа, или скроз заебав. Уште не ми е до крај јасно.
Се разбира, шминката не е единствено нешто што го памтам од тој посебен ден на моите другарки; не сум до толку чудовиште. Но напорот го запаметив. Имам 12 различни палети за сенки (и непознат број индивидуални), а никогаш не ги користам затоа што не знам како.
Нешто во процесот на нанесување сенка секогаш ми бега. Кога бев мала, гледав како мајка ми мачка розево и виолетово преку капаците со сунѓерче од Ланком и никогаш не ги меша. Едноставно беа таму, во бои што никогаш не би поминале како „шминка без шминка”. Воопшто не беше цел природно, мајка ми беше жена со кариера во ’80-ти, кога шминката беше нападна и намерна.
Првите обиди да се шминкам ми беа скроз неуспешни, но полека сфаќав како, кога си најдов црвен кармин што ми се допаѓа и уживав да се вежбам со хајлајтер. Но, сенката секогаш успеваше да го трансформира моето округло лице во страшно, а моите resting bitch-очи да ги претвори во убиствени.
Не е дека не се обидував да научам. Но, секогаш кога ќе се обидев, завршував во хаос. Хаковите со една боја обично се полесни - кога користиш бронзер или хајлајтер наместо сенка. Издвоени капаци и туш не простуваат.
Можеби фактот што нашиот фокус за убавина мигрира на различни страни ме уништи пред воопшто да добијам шанса. Едно истражување од 2014-та открива дека производите за веѓи (не за лице) се најбрзо растечки правец во индустријата за убавина, а освен тоа, нели силно нашминкано око ќе одвлекува внимание од времето посветено на нега на кожа?
Не личам на себе кога носам сенка, што веројатно е и поентата. Но не се ни чувствувам своја. Ми се чини дека сите знаат дека не разликувам коса четка од четка за блендирање, дека не знам да измешам транзициона боја со… што и да користам, не знам точно каде завршува капакот. На Јутјуб секогаш се најпопуларни туторијали каде што се користат седум четки, пет бои и вештачки трепки. Доволно е да помислиш дека мораш да бидеш професионален шминкер за да го постигнеш крајниот изглед, а повеќето не сме на тој пат.
А всушност, колку се стварно ралични тие варијанти на изглед? Уште од појавата на Глосиер, сенката за очи бара труд. Секогаш кога ќе ставам некаков пигмент, ми се чини дека луѓето не ме гледаат во очи. Наместо тоа, ме зјапаат сантиметар над зениците и тоа е поважно од што и да зборувам во моментот.
Но сепак ги купувам палетите. Ја имам Нејкед, што ја купив затоа што мислев дека секоја девојка треба да ја има. Па после Нејкед Смоуки, што ја купив затоа што беше на 50% попуст и се прашував дали ќе ме научи конечно да правам „смоуки” око (не ме научи).
И да, сè уште гледам видеа на Јутјуб, обидувајќи се да разберам како некој успева да направи зелен глитер да изгледа природно. Се прашувам колку пати го сјебале тушот пред да научат праивлно. Се прашувам дали имам време да инвестирам во усовршување на вештина која секако ќе треба да измијам вечерта. Мислам дека би се мразела да треба да избришам таква уметност. Како Микеланџело да реши еден ден дека не му прави ќеиф Систинската капела, па ќе ја брише и ќе почне од ново.
Веројатно треба да платам психијатар да ми помогне да ја надминам целава оваа вина - за сенка, замислете! Наместо тоа, тие пари ги трошам на палети - а не се евтини. Се обидувам да најдам сенка во земјана боја што ми одговара на тенот на начин на кој ќе личи на шминка, ама онака, нема. Тоа знам да го ставам. И знам да ставам лажни трепки за никој да не може да ми ја види површината над очите кога се отворени. Сакам кога се долги и очигледно лажни. Како и хајлајтерот - бркаат работа.”