„Има еден мит дека жените прв пат учат што е кармин од мајките - дека седиме на подот, такви слатки и ги гледаме нашите гламурозни мајки како го нанесуваат пред огледалото во купатило (овде има баш таква сцена, само со маскара, и убава е!). Да не се навреди мајка ми, ама во мојот случај, скоро и да сум сигурна дека целата заслуга оди кај Урсула, морската вештерка од „Малата сирена”. Седев на подот пред телевизорот, гледајќи како осакатува морско суштество пред да го нанесе на усните.
Сцената е кратка и на ризик да биде засенета од она што следува: Изведбата на Урсула на „Кутри несреќни души”, најјаката песна во филмот. Сепак, врежана ми е. Оди вака:
Ариел претпазливо влегува во дувлото на Урсула да побара љубовен совет. Урсула одговорно советува дека „не смее да се шутка на прагот”, па отпловува до нејзиното импресивно огледало да скратена верзија на „спремај се со мене” (GRWM од Јутјуб). Како што доликува на ’90-ти, става пена за коса. Потоа, зема школка, ја стиска силно за да излезе некој црвен пигмент, за кој сега сум благо загрижена дека може да беше крв и ги бои усните во два брзи потези. Два!
Ова е сè направено со лева рака, под вода, додека ја убедува Ариел да го предаде гласот за дечко што не го ни запознала. Завршува со едно „мвах”, и потоа насмевка со отворена уста која открива бели заби без кармин на нив. Целиот процес трае шест секунди, интензивно задоволство е за гледање и веднаш ме натера да посакам да грабнам кармин.
Првиот пат кога го гледав имав 3 години. Тогаш, не знаев со зборови да објаснам колку ми се допаѓаше тоа или колку ми требаше долготраен црвен кармин со сатенски финиш, затоа што немав уште прочитано опис на производ и бев екстремно тивко дете кое ретко кажуваше нешто. Но, мирната рака на Урсула и ноншалантноста со нејзиниот кармин ми остави впечаток: очигледно беше дека кога ќе пораснам во самоуверена жена што манипулира со тинејџери - и јас редовно ќе носам црвен кармин.
Не беше заради тоа што карминот ја направи особено поинаква (усните веќе ѝ беа во одлична црвена нијанса) или затоа што тоа значеше дека треба да биде на некое важно место (имаше време додека да отиде на копно и да заведува маж), туку затоа што изгледаше толку рутински и толку нормално.
Беше само уште еден мал дел од денот - забавен, личен проект кој завршуваше со чувство на достигнување, како секое мое боење со дрвени боици со кое тогаш си ги исполнував деновите.
Некои работи се сега сменети: Знам да читам и пишувам, веќе не ја потценувам важноста на говорот на телото и не можам цеќе да гледам „Малата сирена” затоа што Ариел и Фландер ме потресуваат (а и го нема веќе на Нетфликс). Но, на карминот се уште гледам на Урсула-начин - најносливиот и најзадоволувачки од сите производи за убавина. Смоуки-очи, хајлајтер и коректор оставам за посебни прилики каде што ќе има многу луѓе и камери, но било која боја за уста во стик ми е дел од рутината скоро секој ден. Само гледам ништо да не убијам пред да ја ставам на себе.”
Ај сега песната: