Како вовед во видео-објаснувањето:
Замислете едно јаболко. Најобично јаболко... веројатно го замислувате пред себе, или во рака, можеби има дршка, можеби има ливче, можеби е на дрво, можеби е во чинија со овошје, можеби е масло на платно...
И на скала од 0 до 10, каде што 0 е „не замислувам ништо”, а 10 е „толку е реално што ми се чини дека можам да го допрам” оценете ја живописноста на вашата мисла.
Повеќето креативни луѓе некаде околу 8, 9 и 10, и се способни да направат и шематски приказ на јаболкото во глава. Тоа го можат со многу покомплицирани предмети од едно јаболко.
А покрај нив, постојат и такви - што не гледаат ништо.
На скалата од 0 до 10, тие се нула.
Црно.
Нема ментална слика.
И си постои термин за тоа.