Ја обожавам „Сексот и градот“, ама сега е доста

ТВ-критика за „И едноставно така...“ на Зринка Павлиќ, за ТПортал.

Дали Сиси била ужасна императорка?

Така барем тврди едно Јутјуб-излагање: Сиси секако има трагична приказна – дете принудено на улога која не ја избрала, физички и емотивно ослабена од ограничувањата и односите на дворот. Сепак, и со романтиката се претера - наводно била егоцентрична и пред се себична и повлечена, и наместо да му донесе корист на народот, се затворила во сопствената лична несреќа. Сепак, на крај, можеш ли да ја обвиниш?

Феноменот „Starter Wife“: Зошто некои луѓе веднаш се женат по долга врска?

Има нешто фасцинантно и малку сурово во феноменот што психолозите го нарекуваат „starter wife“ – почетна сопруга. Знае да биде и „почетен сопруг“, ама некако, првово е почесто.

Џими Чу, или Џими Чау?

Џими Чу е роден во Малезија во семејство со кинеско потекло, а презимето им е Chow, како Чоу, или Чау. Запишано е погрешно во матичната книга на родените и Џими си останува Чу.

Кратка приказна за Скалата

Ова е твит на една жена во шок и вреди да се пренесе.

Биркин Нулта оди на аукција

Ќе се продава првата, најпрвата Биркин торба, направена специјално за Џејн Биркин и инспирирана од неа лично.

Како децата стануваат славни?

Обично до слава се доаѓаше како возрасен - ако си роден под таква ѕвезда. Не дека немало Дру Баримор и порано, ама денес изгледа како кај и да се завртиш, да има по некое славно дете што заработува милиони на Јутјуб.

Неочекуваната историја на фразата „гордост и предрасуди“

Да видиме како се раѓаше насловот на еден од највпечатливите романи на сите времиња. Во основа, фразата совршено го отсликува дејството во книгата - ама дали има и подлабинско значење и отсликување на тогашната култура и општество?

Мемоари од снимањето на „Mommy Dearest“

Уште на кастингот, според Феј Данавеј, продуцентот Френк Јабланс ѝ ветил дека портретот на Џоан Крафорд ќе биде поблаг од описите во книгата што ја напишала ќерка ѝ, Кристина. А, знаеме дека не беше така.

Сте слушнале за Др. Џејмс Бери?

Славен воен хирург од британската армија, фантастична кариера, медицински иновации - и женско.

Луксузен изглед на домот за „ич“ пари

Ако имаш идеи (или барем ги најдеш на интернет), не мора да плаќаш илјадници евра за да постигнеш изглед што ти се допаѓа.

Експериментот што докажа дека луѓето плаќаат бренд, а не производ

Во 2018, продавницата за чевли Payless (буквално: „плати помалку“) спроведе храбар маркетиншки експеримент со божемскиот бренд „Палеси“ - измислена продавница за чевли во Санта Моника, Калифорнија.

Женската мода ја владеат мажи

Марија Грација Киури била првата жена што ја водела креативата во Диор. Со нејзиното заминување од позицијата, уште повеќе паѓа во очи фактот дека во 21 век, со женската мода и најголемиот број луксузни брендови продолжуваат да доминираат мажи.

Не, ова не е играчка

Ова што личи на гумена играчка од ‘60-те и ‘70-те е всушност ташна на Валентино и чини околу 7000 евра.

Гласот на Лорен Бекол не бил отсекогаш така длабок

Освен што го сменила името во Бекол, а се родила како Бети Џоан Перски - морала да оди и на напорни часови за тренирање на гласот, за да ја развие таа длабока, згодна боја.

Модната револуција на Кетрин Хепберн

Историски, па дури и денес во некои делови од светот, било табу жените да носат панталони. Особено ако една жена била пред очите на јавноста, се случувале скандали. Така и со Кетрин Хепберн.

Зошто жените сè уште го менуваат презимето во брак?

Време е да се доведе до прашање оваа суптилна и чудна форма на контрола, веќе нормализирана во општеството.

Сестрите Папан: Едно од најбруталните злосторства во француската историја

Кристин и Леа Папан, две сестри, Французинки, го имаат извршено едно од најбруталните убиства што ги памети криминалната историја на Франција (а знаеме дека не била без ич).

10 причини да почнете да користите масло од рузмарин за коса

Маслото од рузмарин е природно, евтино и што е најважно - ефикасно решение за посилна и поздрава коса. Ќе звучеше ко бапски лек, да не беа во подем сите природни масла низ годиниве за нега и убавина.

Луѓе што треба да се избегнуваат, според Карл Јунг

Карл Јунг идентификувал 6 типови на луѓе што можат тивко да ве уништат и ментално и емотивно - не со насилство туку несвесна манипулација и психолошка зависност.

Јапонски навики што менуваат живот

Јапонците не се даваат и покрај глобалната опседнатост со брз и глуп начин на живот. Имаат дисциплина, хармонија, традиција - и навики што нам би ни го промениле животот.

Лана Тарнер и телесната (не)автономија на Стар Холивуд

Во февруари, 1940, 19-годишната Лана Тарнер која веќе била актерка во подем за МГМ, привлекла медиумско внимание кога тајно се омажила за 28-годишниот Арти Шо, после нивниот прв состанок.

Шминка „без шминка“ за 5 минути

Да изгледаш средено, без да потрошиш многу време и без да изгледаш „нашминкано“.