Сто години венчаници

Си ги презакажавте свадбите уште еднаш?

Кога СНЛ прави реклами за мода

Не може една мултимилионска компанија да мисли дека нишани право во емоциите на потенцијалните купувачи, колку што СНЛ може да ја разоткрие пред народ.

Како ослабе Ребел Вилсон?

Откако постигна тежина од 75 килограми, Ребел Вилсон се отвори за причините што тргнала на „година за здравје“ и стратегиите што ги употребила за да ѝ биде успешна.

Дечкото и бабата што си отворија ОнлиФанс

23-годишен тип, оженет со 76-годишна жена после долго време отворено присуство на социјални мрежи каде што со светот споделуваат серенади и бакнување, отвораат и ОнлиФанс профил, за тие што сакаат и повнатре да им влезат.

Што има во несесерот на Ања Тејлор-Џој?

Најдобриот совет за убавина што го добила е, да го истакнеш тоа што веќе го имаш, и да не пробуваш да сокриеш „грешки“. Вака Ања Тејлор Џој го почнува видеото спремено од Харперс Базар, од серијалот „Што имаат во несесер“, како додаток на претходниот - „Што имаат во ташна“.

Зошто Џони Деп и Винона Рајдер никогаш не завршија заедно?

Рајдер и Деп беа од оние совршени холивудски парови осудени на неуспех заради моментот во кој се споија. Секоја слика од нив двајца заедно вришти „девеести!“ и по светов уште има луѓе што никако да ги прежалат.

Што излезе од соработката на Кензо и омилениот дизајнер на Боуви?

Влијанието што јапонските дизајнери го имале врз европската модна мапа е толку значајно, што е тешко да се категоризира конкретно оваа трансконтинентална, културна размена како било што друго освен безвременска. А почнува пред околу 55 години, кога млад Кензо Такада прв пат доаѓа во Париз во 1965.

„Татковина е таму каде што ти е добро, а не каде што се сармите“

„Уметноста овде е на маргините на општеството. Mладите се препуштени на евтиност, пореметени вредности, или се осудени на иселување од земјата, на бежанија од овде. Па, некогаш најдобрите ги протеруваа на Сибир. Тоа во вакви режими е природно,“ ќе каже Сека Саблиќ во едно интервју за магазинот НИН.

Баленсијага ќе ви стави графити на ташна, ама ќе ве кошта

Луксуз и ексклузивност одат заедно, а ништо не е поексклузивно од custom парче. После успехот со ташни по мерка од минатата година, сега Баленсијага почнува сличен сервис - во одредени продавници графити-уметник ќе ви остави печат на ташната и никој нема да може да ви го ископира стилот.

Марина Абрамовиќ ве кани да му се пожалите на - дрво

Убаво прочитавте. Да му се пожалиш на дрво. Да го гушнеш дрвото и да му се изнајадосуваш за 2020.

Зошто немам дечко?

Едно од погорливите прашања на денешницата (какво бре, глобално затоплување), уредно одговорено, со пример.

Примери на суптилен сексизам што најверојатно ви се познати

„Не се курчи, тоа не е привлечно кај жена“. Дека маж што се курчи - еве вени исековме, готово.

Пак е во мода танга што се ѕирка од фустан со гол грб

Среќа нема свадби сега, па да мораме и тоа да гледаме.

Моравме ли да дознаеме за спонтаниот абортус на Меган Маркл?

Жално е што Меган Маркл имала спонтан абортус. Секогаш е жално кога среќна бремена жена ќе го загуби бебето. Но, истовремено е чудно што Маркл избра да пишува јавно за абортусот на така емотивно-разголувачки начин во Њујорк Тајмс. Нели со Хари сакаа приватност? Да ги остават воајерските медиуми на раат? А сепак, ете ја Маркл, нѐ кани сите, сосе Њујорк Тајмс да сведочиме на еден од најинтимните моменти во нејзиниот живот.

Што да гледате: „Somewhere Between“ на Нетфликс

Двете острици на мечот наречен стриминг се и тоа што веќе не мораш да чекаш епизода на телевизија или да трчаш до видеотека; и што има толку многу серии и филмови што не знаеш од кој/а да почнеш, па на крај пак гледаш Френдс ко глуп.

Па, за нешто и да ја пофалат

Интернетот е воодушевен од вештините на Кајли Џенер како мајка.

А ние до кога ќе плаќаме розев данок?

Шкотска изгласа производите за менструација да бидат бесплатни што во основа е една од пологичните работи што можеа да ги направат, ама ако светот доцни по ова прашање, каде сме, па ние?

На геј актери не им се откажува од можноста да играат стрејт ликови

„Ако се држиме до тоа само геј/транс луѓе да смеат да играат геј/транс ликови, тогаш јас никогаш не би можела да играм стрејт.“

Како венчаницата на Дијана дефинираше цела генерација

И да не сте ѝ обрнувале внимание на принцезата, на фустанот сигурно сте налетале. На 29 јули, 1981, целиот свет ја гледаше Леди Дијана Спенсер како се движи до олтарот во катедралата Св. Павле кон титулата Дијана, Принцеза од Велс.

Зошто му течеше бојата на Џулијани?

Сме виделе како тече во туш кабина кога е тазе фарбана, ама вака да излезеш на говорница, да се испотиш и да тече боја не сме виделе. Фризерите сепак, имаат објаснување.

Кратка хорор приказна со маска за лице

И тоа од оние глупите хорори, кога само се дерат наоколу и ти иде да ги ставиш на мјут. 

Околу изборот и различноста на жените

Кога се работи за предрасуди, меѓу другото важи и „тој што нема грев, нека го фрли првиот камен“, но затоа постојат вакви уметнички потсетници.

Уште неизлезен, филмот на Сиа влегува во битка со новото нормално

…Каде што „новото нормално“ не се однесува на секојдневието со пандемија, туку светот во кој живееме каде што сѐ е навредливо и никако не можеш да победиш ако си јавна личност.

Кога транс-лобито ќе удри во ѕид

Sидот се вика Џон Клиз и се обидуваат да го уништат како што се навикнати со cancel culture. Како се уништува Џон Клиз? Не се. Нема начин.