1. Балет
„Повеќето што ги гледате на сцена плаќаат да бидат таму. Балетските компании се сведуваат на ‘плати за да играш‘. Откако ќе плаќаш неколку години, можеш да стигнеш до ситуација каде што те плаќаат во балетанки и стипендии за настап. По некое време, можат да те унапредат до некое најниско ниво, каде што добиваш 20.000 долари годишно, ама не си здравствено осигуран. Сето тоа додека си го измачуваш телото до изнемоштеност.“
2. Готвач
„Долги саати, посрано опкружување и ништо никогаш не е доволно добро.“
3. Адвокат
„Мојот партнер е адвокат и не е воодушевен од животот во моментов. Вика, ‘Знаеш како правевме семинарски на факултет? Е па, јас правам семинарски секој ден, цел ден, бескрајно‘.“
4. Ветеринар
„Тешко школување и задолжување, а повеќето пациенти не те сакаат и повеќето сопственици мислат дека се богатиш продавајќи им непотребни направи, кога ракот на нивното куче ‘можел да се излечи со органски егзотични меса/кокосово масло/слично, ама ти не им кажуваш, затоа што си ујдисан со Ројал Канин.‘“
5. Политички персонал
„Повеќето работни места во политика се плаќаат многу малку, а работиш 80 часа неделно за шеф кој гарантирано има големо его. И ти треба нова работа после избори.“
6. Стјуардеса
„Патувањата се прекрасни, но да се разбереме - ти си глорифициран конобар што работи во преполна метална цевка.“
7. Гласовен актер
„Јас сум професионален гласовен актер, и имам среќа што сум успешен и задоволен, но 99% се депримирани, се мачат да најдат работа, се мачат со синдром на натрапник и се прашуваат дали треба да се откажат и не им стига ни за кирија.“
8. Видео игри
„Многу деца и тинејџери сакаат да работат во таа индустрија затоа што ‘растеле со игри итн.‘ Кога ќе пораснеш сфаќаш дека тоа искуство нема врска со работата. Само црни екрани, кодови, полигони и критика за тоа што си го направил.“
9. Архитект
„Многу е лошо. Повеќето луѓе не завршуваат работа и проблемите со ментално здравје се многу сериозни. Има многу критики и стрес на почеток, многу работење до доцна навечер и тоа напорно. На крај, те вреѓаат во јавност.“
10. Јутјубер
„Никаква сигурност, ни осигурување и мораш нонстоп да работиш за да не те смачка алгоритмот. Јутјуб сега ги јаде и најголемите креатори, а не па помалите.“
11. Наставник
„Се знае дека е за никаде, но идејата да станеш наставник и да менуваш детски животи се јавува кај многу луѓе, а не е така. Тажната вистина е што не е важно колку ти е битно; има премногу луѓе што сакаат да ти ја направат работата невозможна и сите почнуваат да се откажуваат.“
12. Моден дизајнер
„Не ти даваат да работиш дури ни ако се нудиш за беспари“