Прво, за да сфатиме колку е штетно и глупо, видеото почнува со визуелен приказ на самосаботажа, поточно - да се саботираш со тоа што ќе си кажеш дека „не си ти за таа работа“ од која и да е причина, е исто како да ти е животна желба да бидеш атлетичар и да си седнеш, па да се упукаш во стапало.
Однесувањето е многу карактеристично - омаловажување на сопствените способности, прокрастинација, давење во дроги и алкохол, одложување, самосожалување, не, не сме ви влегле во глава, туку не сте сами.
Лекот, освен во освестување, лежи во активно работење на самодоверба. Свиѓај си се. За сѐ.
Ама ај да го видиме тоа посликовито: