Прво е многу шарено, како што и скоро пишувавме дека треба да биде, бидејќи заврши времето на станови ископирани од Пинтерест што личат едни на други. За куќата вели дека е play house за возрасни и си ја има направено скроз по ќеиф, со занимливости + Гучи тапети.
Цвеќиња, растенија, современа уметност за халуцинации, лустери што ја потсетуваат на Англија... Кујната има фантастична боја што не секој може да ја издржи ама, замислете колку е па поинтересно да биде ваква, наместо „боја бебине каке“, што би рекол српскиот преведувач на Bluebeard од Вонегат.
Најавува еден проблем. Вика, подовите се многу тврди, па кога одиш многу по нив, те болат нозе, ама се снашла - има тротинетче и си го вози од кујна до спална.
Тоа се од прилика проблемите на Кара Делевин по дома.