Сакате да си нарачаме нешто од интернет?

Како најужасно ве имаат зезнато со нарачка од интернет? Има урбани легенди дека некој нарачал нешто што му било важно и го добил баш такво какво што го замислил, ама повеќето примери се жива несреќа.

Стварно имаме начекано идни невести со „Ризикував да нарачам венчаница од кинески сајт за 50 долари и излезе подобро отколку што замислував“, ама такви се една во сто илјади.

Обично тоа изгледа вака:

Фустанот и на божемната слика е релативно приглуп, ама за вкусови не се расправа. Дури и да го однесеш на шнајдер да ти го стесни во струк, со материјалот што правиме? Со отворот околу врат - што?

Некои па, си го бараат со боринче. Ако оригиналот треба да изгледа вака, колку можеш да очекуваш од тоа што ќе ти стигне по пошта?

Или, ќе посакаш „модерни очила за сонце“. И ќе ти стигне ова подолу. Не дека не се срциња во боја, ама до финесите е. Едните се такви какви што си ги видел на писта. Другите се „шоимавезе“:

Или, следното наравоучение: Ако нешто што треба да биде скапо - не е, тогаш голема е веројатноста да е за барбики:

Некои, па не ти се јасни зошто се бунат. Дали е ова исто како на сликата?

Не, озбилно, како на сликата е, или не е?!

Една од омилените работи на овој список ни е - ќебето. Онакви романтични, удобни плетени ќебиња, како што ветува сликата на производот - за целото семејство.

Ама за да се обеси целото семејство:

За следниот производ, воопшто не станува збор за квалитет. Проблемот лежи во една непредвидена работа од страна на производителот, што може да те доведе до полициска станица во некои држави:

Проблем?

Проблем?!

И плус, несреќен, уморен Супермен:

Следниот пат кога ќе пишува „50% намалено“, проверете што тоа точно значи. Овде значело ова:

И, кога ќе си нарачаме пак?

2 јули 2021 - 11:41