Серијалот „Патување кога си дебел“ повлекува важни прашања, според авторката Мери Фран Донели. Таа смета дека дебелите и крупните заслужуваат да бидат видени како валидни човечки суштества, што е точно, во индустрија што треба да одговори на сечија величина и физички потреби - угостителската, што е малку потешко.
Има 27 години, наставничка е и адвокат за боди позитивити, а на ТикТок е популарна по клиповите за нејзините хумористични премрежија како дебел човек - ја гледаат над 6,4 милиони луѓе.
Ја почнала на семеен одмор, кога таа и сестра ѝ се шокирале од тоалетот во нивната хотелска соба.
„Да го видиме купатилото,“ вели Мери Фран. „Ви се моча или ви се кака? Без гајле - едвај ве собира.“
Истото се случува и со пешкирите во купатило и со пешкирите за плажа.
Признава дека пречките со кои се соочува кога патува понекогаш влијаат на одлуката дали воопшто да тргне. „Не патувам сама затоа што се плашам дека непознати ќе се нервираат што седат со мене во авион. Се прашувам и дали ќе ми биде удобно седиштето? Ќе ме собере ли појасот? Ќе ме покрие ли пешкирот во хотелот? Ќе ме држат ли столчињата на базенот? Ќе бидат ли удобни масите во ресторанот?“
Во коментарите многумина се согласуваат, велејќи дека не е само до нејзе, туку постои цела заедница на луѓе што се среќаваат со овие пречки. Некои предлагаат да купување на продолжетоци за појаси, некои носат пешкири од дома, а некои дури и ги истражуваат мерките на хотелските соби пред да резервираат.
„Мислам дека ваквите предизвици на повеќето луѓе не им паѓаат на памет,“ вели Мери Фран. „Но мислам дека е време да им текне. Формите на тела стануваат многу важни во последно време и нема никаков изговор хотелите да не размислат повторно. Дебелите и крупните заслужуваат да бидат видени во индустрија што треба да одговори на сечија величина и физички потреби.“
Или, можеби: