Во четвртокот, Ријана не ја пуштиле во диско затоа што немала лична карта. „Откачените“ медиуми веќе кукаат дека „имало простор за грешки во секоја работа, ама да не знаеш која е Ријана во денешно време не било грешка, туку личен недостаток.“ А вратарот во клубот Баркејд во Њујорк едноставно бил принципиелен.
Ситуацијата вирално се рашири после еден Твит каде што пишуваше „во моментов гледам дека вратар не ја пушта Ријана во бар затоа што нема лична карта, чив е човеков.“
Rihanna and A$AP Rocky denied entry at a night club in New York, bouncers claim they didn't know who they are and requested ID. pic.twitter.com/b9PR61NfT8
— Musa Khawula (@khawula_musa) June 24, 2021
Ријана е медиумски могул, има продадено над 215 милиони албуми ширум светот, па нејзините фанови и следачи паѓаат во несвест, па дури и се лутат што некој се осмелил да ја легитимира. Други го поддржуваат човекот затоа што се придржувал кон класичното „Нема лична карта - нема влез“.
Интересното го истакнува писателот Џејсон Окундај на Твитер:
„Шокот што Ријана не ја пуштиле да влезе во ноќен клуб затоа што нема лична карта е интересен,“ вели тој. „Затоа што луѓето изгледа не можат да сфатат дека постои огромен број на луѓе во светот што едноставно не знаат кои се овие супер богати славни личности.“
Ние сме од кај вратарот. Ријана е супер, ама вратарот е цар.