Се појави компилација на ТикТок, каде што 13 или 14-годишна Били Ајлиш пее (не ни пее, отвора уста само) песна од Тајлер д Креатор, „Fish“, во која има навредлив збор за Азијци.
Значи имаме песна, дете што ја потпевнува, и сега истото дете, веќе 19-годишно го влечат по под како расист.
Сепак, Ајлиш објави извинување на Инстаграм, велејќи дека „ѝ се повраќа од самата себе“.
„Ве сакам дечки, и многумина од вас сакаа да зборувам за ова. И САКАМ да зборувам, затоа што ме етикетираат како нешто што не сум.
Има видео едит од кога имав 13 или 14 години, каде што mouth-нувам (отварам уста, плејбек) збор од песна кој во тоа време не знаев дека е навредлив и дека се користи против членовите на Азиската заедница. Запрепастена сум и засрамена и сакам да повратам што некогаш сум го направила тоа.“
Кажува дека единствен пат кога го слушнала тој збор, и тоа било кога ја слушнала и песната и никогаш никој во нејзиното семејство не го искористил.
„Без разлика на моето незнаење во тоа време, ништо не е изговор за фактот што сум повредила некого. И за тоа се извинувам.“
Инаку, зборот е „chink“, навредлив термин за Кинез(киња).