Детали од „Ѓаволот носи Прада“ што не сме ги знаеле

Филмот покажа дека Ен Хатавеј не е само за принцези и божем ги потврди гласините дека Ана Винтур е шефица од пеколот. Некои од информациите често се врткаат низ интернет, од фактот дека Ен Хатавеј не била првиот избор за улогата, до инспирацијата од уредничката на Вог, но некои ги гледаме прв пат денес.

1. Фокс ги купиле правата за приказната уште пред книгата да биде довршена

Студиото ги купило правата за изворниот материјал во 2003, пред книгата да се заврши. Тогашната потпретседателка, Карла Хакен била толку импресионирана од првите сто страни на ракописот што инстантно дала зелено светло за филмска адаптација. Мислела дека Миранда Присли е еден од најдобрите негативци на сите времиња.

2. Мерил Стрип имала неочекуван извор на инспирација за ликот

Иако нашироко се дискутира базата Ана Винтур, ликот на Миранда Присли, верувале или не, се потпира на - Клинт Иствуд. Стрип има соработувано со него на „Мостовите на округот Медисон“ и вели,

„Никогаш, никогаш не го крева гласот и сите мораат да се наведнат за да го слушнат и автоматски е најмоќната личност во просторијата.“

3. Ана Винтур на премиерата се појавила облечена во - Прада

Многу дизајнери одбиле да имаат било што со филмот од страв дека Ана Винтур ќе ги стави на список како непожелни, но таа лично нема ни трепнато. На премиерата се појавила облечена во Прада и изјавата е,

„Сѐ што ја прави модата забавна и гламурозна и интересна е прекрасно за нашата индустрија. 100 проценти подржувам.“

4. Ќерка ѝ на Мерил Стрип се појавува, ама сцената е избришана

Како дете на Стрип лично, на Мејми Гамер сигурно не ѝ текнало дека можат да ја исечат, но токму тоа се случило - има сцена каде што е бариста и Хатавеј ѝ бара кафе „жешко како центарот на сонцето“, ама не стигнала до конечната монтажа.

5. Филмот креирал нова семејна врска

Емили Блант и Стенли Тучи постојано крадеа внимание во филмот, како поважната асистентка на Миранда и уметничкиот директор на Ранвеј. Кога Тучи бил на свадбата на Блант со Џон Красински, ја запознал сестрата на невестата, и во рок од две години се ожени за нејзе. „Десет години после филмот, Стенли ми е буквално фамилија. Нели е страшно тоа?“ се шегува Блант во едно интервју за Варајети.

6. Мерил Стрип за малку ќе ја одбиела улогата

Иако има 21 номинација, Мерил Стрип не била секогаш платена како што сака да биде. И во случајов, прво ја одбила улогата на Миранда Присли, а на Варајети им кажала дека понудата била „малку, ако не и навредлива, можеби не одговараше со вредноста што ја носев во проектот. Имав 55 години и штотуку имав научено, иако доцна, како да се борам за себе.“ Како резултат на тоа, продуцентите ја дуплирале сумата.

28 јуни 2021 - 13:45