Нека го фрли првиот камен таа што никогаш не употребила шминка со поминат рок, или што не искористила четка за сенка „само уште овој пат“. Ама некои луѓе… Земете си кеса за повраќање и одиме:
1.
„Мојата поранешна цимерка си ги оставаше четките на килим, до песокот на мачката. А имаше фул шминка и повеќе сенки на очи секој ден.“
2.
„Правев тестер за кармин и кога го отворив капачето, имаше дебела, црна нога од бубачка на врвот. Фала богу што правев тестер од таа кутија, инаку муштерија ќе си ја однесеше дома!“
3.
„Една другарка не разбираше зошто не сакам да ставам тестери на лице. Ја гледав како се шминка комплетно со тестери, додека ми вика како сум чудна што тестирам на рака. Наредниот ден се разбуди со јачмен на око. Јас не.“
4.
„Една што ја знам ја лиже четката за сенки за да ја отстрани сенката од неа, наместо да земе друга четка или да ја измие.“
5.
„Секој ден во автобус една девојка ми го бараше сјајот со мирис на боровинка затоа што сакаше да го јаде. Конечно ѝ го дадов затоа што беше упорна, а јас веќе не сакав да го пипнам.“
6.
„Мајка ми уште користи шминка што ја користела во средно и на колеџ. Пред некој ден ѝ кажав дека рокот на сенките поминува две години од отворањето, а маскарата за 3 до 6 месеци. Ми рече „Не е ни чудо што нонстоп ме чешаат очите.“
7.
„На другарка ми и купив сунѓерче за пудра за подарок. Една година подоцна дознав дека не знаела дека треба да се пере. Го користела скоро секој ден.“
8.
„Една другарка си чува шише пудра во кола од каде што понекогаш буквално ќе се нашлапа со раце. Никаква деликатност и прецизност, дури и бојата не одговара.“
9.
И на крај, пазете каде се шминкате - нека ви текне колку пати можело ова да се случи:
„Минатата недела на фризер, девојката што работеше таму се шминкаше. Ѝ падна ружот и се искрши на подот. Колешката во тој момент отиде да го собере (и правот и парчињата што останаа) од валканиот под со голи раце и ѝ го врати назад во кутијата. И девојката си продолжи со четката и си го стави на лице без никаков проблем. Подот не беше исчистен, а луѓе шетаа по него. Замислете ги тие бактерии и прљавштини од луѓе што шетаат надвор.“