Бенкси може ќе мора да си го открие идентитетот

Ако сака да ги заштити своите дела во однос на авторски права, може да треба да ја тргне маската.

Бенкси е познат по мистериозната персона колку што е познат и по современата уметност, но може ќе треба да си го открие идентитетот, сега кога веќе ги изгуби авторските права на уште две негови дела. Нов закон на Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија му ги одзема авторските права, а токму скриениот идентитет беше наведен како најголем и решавачки фактор за тоа.

Панелот на ЕУ смета дека неговата анонимност „го спречува да си ја заштити уметноста по законите за заштита на авторски права ако е анонимен.“ Две посебни пресуди се донесени затоа што „не ги почитува прифатените принципи на етичко однесување или искрени комерцијални и бизнис практики.“

Анонимноста на Бенкси е фундаментален дел од неговиот успех како уличен уметник уште од ’90-те и токму тоа го прави култ со милиони следачи ширум светот. Познат е по политичките уметнички дела, и само со делата успева да ги коментира дневните политики со кои не се согласува, креирајќи некои од најдобрите примери на современа уметност во британскиот уметнички свет.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Banksy (@banksy)

Пред некоја година го замени портретот на кралицата со слика од принцезата Дајана на лажна банкнота од 10 фунти, и го смени натписот „Банка на Англија“ во „Бенкси на Англија“.

Во неговата книга Wall and Piece од 2006, вели дека авторски права се за лузери и ги охрабрува луѓето да „копираат, позајмуваат, крадат и збогатуваат“ негови дела.

Сепак, народот чека реакција, затоа што правата што ги изгуби се на Girl with Umbrella и Radar Rat.

23 јуни 2021 - 18:02