Како Ванс ја замислува иднината?

Во 2003, Волт (Vault) на Ванс се појави како дете-бренд, со намера да изнајде простор за истражување на поинакви архивски дизајни. Оттогаш, овој спиноф станува опесија за скејтери и фанови на улична мода, што овозможува богатата историја на брендот да се поклопува со футуристички соработки.

Најновото партнерство е со Вибрам - иновативна италијанска етикета за гумени обувки и прават нешто што досега не е направено на ова поле.

Вибрам се основани во 1937, а прават обувки толку функционални, што се инфилтрираат и во модната сфера. Витале Брамани, основачот, е пионер за гумени ѓонови, а со децении им е предизвик да смислуваат решенија што без напор ќе се снаоѓаат на сите површини.

Резултатот е партнерство меѓу Вибрам и Волт, by Vans - фузија од двете најбарани форми на двата бренда. i-d.vice тоа го нарекува средба на умови и комбинација на најдобриот квалитет од двата света, кои наоѓаат заедничко тло, но и тензија што ја прави соработката така интересна.

„Бараме партнерство со брендови кои сакаат да направиме оригинален производ со уникатна гледна точка,“ вели постариот потпретседател на Вибрам. „Сакаме да работиме со брендови кои се уникатни и го провоцираат пазарот.“

 

5 јули 2021 - 14:14