Историски Жан Пол Готје моменти

Од почетокот на брендот во 1976, Жан Пол Готје направи да биде прифатливо да носиш веш во јавност, го направи морнарското секси и општо, поплочи пат за нови дизајнери што сакаат да експериментираат со неочекуваното. Дури и цела колекција има посветено на битката против расизмот - есен/зима 1997.

Во прослава на самиот Готје, вредностите на брендот, архивите и историјата, i-d.vice собира најиконични моменти вредни за спомнување.

Конусниот корсет на Мадона од 1990, на турнејата Blonde Ambition

Во ’89, асистентот на Готје му кажува дека Мадона сака да се види со него - и не му верувал. Сите знаеле колку бил опседнат со неа, па не му изгледало верно. Сепак, историјата ни е позната, наскоро стануваат match made in 90s fashion heaven - Мадона точно знаела што сака, а Жан Пол Готје знаел како да го оствари тоа.

Костимот инспириран од Ли Бауери, 1991

Во интервју од 2018, Жан Пол Готје ја објавува љубовта кон „по лондонски“, односно „сам да си створиш стил и креативност и да бидеш слободен да правиш што сакаш.“ Кога ја вратил оваа идеја во Париз, не била многу популарна, но тоа не го спречила да си фати правец. Младоста ја имал поминато во легендарни лондонски клубови, каде што се наоѓа со Ли Бауери, и како ода на неговото влијание врз модата, Жан Пол прави сопствена интерпретација на неговиот комбинезон, која подоцна ќе го инспирира и Александар Меквин.

Колекцијата „Chic Rabbis“ од 1993

За есен/зима 1994, Жан Пол Готје ја пушта колекцијата „Шик рабини“, инспирирана од традицонални носии на хасидските евреи. Се појавија модели во штрајмели и црни костуми на жива музика од виолини. Новитетот е постар човек со брада облечен во парче од колекцијата. Жан Пол Готје станува познат како пионер во кастинг-изборот и разноликоста на модните писти.

Бјорк, 1994

Славните пријатели на Жан Пол Готје не завршуваат со Мадона. Една година откако првиот соло албум на Бјорк ги изремети световите на модата и музиката, се појави на шоуто за есен/зима - 94/95. Осмислено беше со магичен воз што запира во мало планинско село, еден куп референци за различни стилови, а моделите се шетаа по вештачки снег (што за малку ќе ја сопнеше Кејт Мос) во крзно, свила, волна и кожа.

Костимот инспириран од оп-арт, 1995

Замислете како две жени долетуваат на мотор, една од нив сфаќаме дека е диџеј и почнува „Мад Макс“ ревијата на ЖПГ за колекција есен/зима 1995. Во тој момент, ЖПГ работи на костимите за „Петтиот елемент“ и сѐ му се врти околу технологија и сајбер. Вади костими инспирирани од оп-арт сликите на Виктор Васарели, кои сега ги популаризираа Ким Кардашијан и Карди Би, замислете, а во ревијата учествува и Кармен Дел Орефис со жив сокол на рака и накитен штитник за рагби.


Уште:

Разговор со Жан Пол Готје

Жан Пол Готје се поклони

Занимливости за костимите на „Петтиот елемент“

2 јули 2021 - 12:26