Разговор со Жан Пол Готје

И самиот факт што инсистира, го хвалоспева и е посветен на корсетот е доволно да се почитува, односно не, да се обожава Жан Пол Готје. А кај се сите други детали од неговиот живот и работа што му обезбедуваат место во музеј.

Овде зборува за клубови во Лондон, за Мадона, па дури и за неговото плишано мече. Не се смејте, плишани мечиња се многу важна работа, еве земете за пример колку време посветува Москино на своето. Сакал кукла, ама „кукла не е за машки” па на мечето му ставил конусен градник и уште од тогаш како да си ја запишал иднината како еден од највлијателните естети на тема женско торзо, плус како дизајнер на една од најепските модни комбинации на Мадона.

Исто така, тоа завоите што ги носи Мила Јовович во „Петтиот елемент”?

Жан Пол Готје.

Комбинезонот од „Кожата во која живеам” на Алмодовар?

Жан Пол Готје.

1 февруари 2019 - 00:18