Занимливости за костимите на „Петтиот елемент“

Премиерата беше во 1997 на Канскиот филмски фестивал, и од тој прв пат откако се појавија во целата своја боја и театралност, костимите се на филмот се ненадминливи.

На комплетниот автор Лук Бесон, за филмот му е партнер Жан Пол Готје, затоа што - се разбира дека му е Жан Пол Готје, кога не може да се замисли некој друг да работи на приказна како „Петтиот елемент.“ Што ви е на вас.

Мотото на Готје е „equality, diversity, perversity“ кога се работи за моден дизајн

При подготовките, Готје дизајнирал 1000 костими, што е како да црташ 10 колекции за еден филм. За да избере, би требало да направи околу 5000 цртежи.

Самиот филм е фасцинантен. И некои работи не сме ги знаеле до сега:

Лук Бесон почнал да го осмислува уште кога имал 16 години

лилудаласмултипас

Растел со стрипови и научна фантастика, и врз основа на делата на Моебиус и Жан Клод Мезиер почнал да го развива филмот. Јовович за Вог има изјавено „Ова му е дете уште откако бил тинејџер; мислел на „Петтиот елемент“, на Лилу, на приказната и на јазикот уште од тогаш. Би можело да се каже дека цел живот се спремал за тој момент.“

Првиот костим на Мила Јовович не оставал простор за штитници

Идејата на Готје била Лилу да биде „гола ама не гола“. Симболот е нејзината новост и изложеност на иднината во која се наоѓа, но самиот костим почнал да прави логистички проблеми. „Имав многу откриена кожа и веднаш имав модрици затоа што немаше каде да се стават штитници како што носеа другите. Како да бев во купачи. Особено тогаш, кога имав 19 и бев ситна. Се внесов во ликот и не се воздржував.“

Тенденцијата на Готје за кршење родови норми доаѓа до израз во филмот

Готје ја направи машката сукња легитимен моден избор уште во 1985, а неговата пасија за саботирање на родовите модни трендови оживува во „Петтиот елемент“. Како што пишува Сузан Орлеанс во еден профил што го прави за него, „Во неговиот фантастичен свет, етникумот и родот се удобно измешани - кимоно се става преку костум, балски фустан може да биде од маскирен материјал…“

Во филмот ова најјасно е истакнато кај Руби Род, кој го играше распиштен Крис Такер - прво се појавува во крзнен бодисут, а на вечерта со операта во црн, со ружи - двата со деколте. Чист егзибиционизам на висока мода, во комбинација со бланширана коса во фалусна фризура. Преку облеката, Готје претвора еден хиперсексуален лик што не затнува за тоа со колку жени спиел - во еден андрогин трендсетер.

И кај Корбен Далас го има ова - портокалова маица со гол грб и тесни црни панталони, Далас претставува една иднина каде што разликите меѓу машкото и женското се небитни.

И нормално, да не го забораваме Бејби Реј.

Брус Вилис носи маици без ракави во чест на „Умри машки“

Во тоа време е најпопуларен заради акциони филмови и за да му се забетонира статусот како херој, Готје го става во нонстоп во маици без ракави, заради „Умри машки“. Дури и кога се тепа со Мангалори во операта, Готје го облекува во кошула со искинати ракави.

Готје цртал костими за Принц во улога на Руби Род

И замислете, на Принц му била забавна целата презентација, ама одбил затоа што ликот му се видел „премногу феминизиран’.

На Принц.

Идејата Лилу да има портокалова коса била на Лук Бесон

„Секогаш има доминантна боја во моите филмови,“ споделува Бесон со Ентертејнмент Викли. „Во ‚Професионалец’ е кафена, во ‚Петтиот елемент е портокалова’, во ‚Валеријан’ е сина.“

Гери Олдман немал поим што ќе носи

Во тоа време репутацијата му е - негативци. И кога Бесон го прашал за Зорг, прифатил без да го прочита сценариото. Претходно режирал филм и Лук Бесон бил еден од продуцентите, му помогнал да најде средства, па враќал услуга. Подоцна, во едно интервју со Плејбој, Олдман признава дека не може да го поднесе филмот. Само што, Бесон не сакал да прифати никого друг за ликот на таков пост-модерен Хитлер. Вели, „Гери Олдман е најдобриот актер на светот.“

Што е точно.

Готје лично ги проверувал сите статисти во сцената со операта

Готје бил директно инволвиран во продукцијата, уште од времето кога за главните улоги ги разгледувале и Џулија Робертс и Мел Гибсон (можете ли да замислите?!). Во овој дел од филмот, ликовите во операта се движат како елаборативно уметничко дело, 900 души, статисти, а Готје стоел на влезот на сетот и ги проверувал сите.

Фрлал шалови, подместувал сакоа, делел шешири каде што треба. Бил констнатен креативен надзор.

Готје користел „што стигне“ за материјали

Плексиглас. Гума. Неопрен. Прикажуваат идна мода заснована на синтетички прагматизам и интересни структурални избори - стујардесите на пример, во костими од неопрен, истото што се користи за нуркачки одела. Сукњи од плексиглас, парчиња што се граничат со садо-мазо, на Зорг полупроѕирниот, сјаен костум, за кој што Гери Олдман се жалел дека мора да се облекува во гума…

Костимите се инфилтрираат во модниот мејнстрим

Готје отсекогаш бил иноватор, но неговата работа на „Петтиот елемент“ прави многу повеќе од воодушевување фанови на научна фантастика. Футуристичкиот стајлинг, инспириран од уличната мода по која е познат Готје, може да се види до ден денес, од обични продавници, до писти. Годината кога излегува филмот, и ДКНУ и Александар Меквин прават колекции инспирирани од него.

Модната новинарка Сара Идакавиџ го опишува влијанието на костимите во „Петтиот елемент“ како „панк, спортска елеганција и висока мода споени во едно, што веројатно е и причината што филмот е сѐ уште инспирација за многу дизајнери и брендови.“

26 мај 2020 - 14:06