Тест: Користење машки производи за нега

Женската рутина за нега на кожа и коса се состои од грубо кажано, 724 различни производи, од чистачи и тоници, до серуми, регенератори, шампон за ова и шампон за она. Машките користат сапун. Некои и можеби шампон „2 во 1“. Што ќе се случи кога жена ќе реши една недела да помине само со машки производи?

Авторката (и самопријавен тест-субјект) врти круг околу колегите и ги прашува што користат за нега.

Сапун.

Шампон 2 во 1.

Уште еден сапун.

Вреди да се напомене, за неупатените дека косата ѝ е бланширана, што значи дека бара посебни 400 чекори за да изгледа нормално после бањање и да се чешла без да падне пола.

Лицето бара серуми и навлажнувачи, а телото бара лосиони, путери и масла.

Лицето многу брзо почнува да ѝ протестира, а косата прво божем океј, ама не за долго. Дури и колешката на работа доаѓа да пипне за да се чуди.

И мажите со сапунот на крај пак со поубава кожа, помалку брчки и помека коса.

Како бе, така?!

Еве го тој ризичен аџилак:

30 јуни 2021 - 12:38