Од каде доаѓа психоделичниот стил од ‘60-те?

Кога замислуваме хипици, веројатно пред очи ни се појавуваат ѕвонарки и долги коси, плус оние бои тесно врзани со ЛСД-искуство. Истовремено, се појавува и многу специфичен графички дизајн и стил на илустрација, познат од постери за концерти и омоти за албуми: извиен, облачест, едвај читлив; шарени комбинации на бои и декоративни рамки.

Овој стил е прв пат зачнат во Сан Франциско од страна на неколку дизајнери во доцните 1960. Работа им било да прават постери за бендови како Д Брдс, Грејтфул Дед, Џенис Џоплин, Стив Милер Бенд, Џими Хендрикс... А сите баш тогаш почнувале, натпреварувајќи се за некоја сцена во клубови како Филмор и Авалон. 

Само што, не го имаат измислено овие дизајнери; хипи естетиката во голема мера се должи на едно уметничко движење кое почнува далеку порано, во 1800-те и се вика Арт нуво.

1 јули 2021 - 12:30