И Америка има „сменете го знамето“

Ова го бараат многумина, вклучувајќи ја и пејачката Мејси Греј.

Греј не се повлекува од нејзиниот контроверзен став дека американското знаме треба да добие редизајн.

Предизика измешани реакции со еден текст што го напиша и за кратко време стана вирален - таму, го споредува американското знаме со знамето на конфедерацијата, плус вели дека е „извалкано, застарено, неточно и предизвикува поделби.“

Зошто да го славиме, прашува Греј, кога претставува поделеност и омраза?

На оваа промена ѝ текнало откако ги видела демонстрантите на 6 јануари како мавтаат со американски знамиња, додека влегуваат во Капитол.

„Луѓето таму го вееја знамето како симбол на она што Америка претставува,“ вели Греј. „Се закануваме дека ќе ја обесиме потпретседателката и тоа под ова знаме.“

Затоа и смета дека не треба да му салутира.

„Не треба да му оддавам почест, не треба да се колнам на него. Само велам дека треба да добие редизајн, за сите нас што не сме дел од тоа племе.“

Дури има и работено со уметник да креира ново знаме, поинклузивно за сите Американци. Има 52 ѕвезди заедно со Вашингтон и Порто Рико и имаат разни бои од темни до светли, како на меланинската скала.

„Смитсонијан документира дека белите ленти претставуваат чистота и невиност. Америка е голема. Убава е. Чиста не е. Скршена е и на парчиња,“ вели Мејси Греј за бојата на штрафтите. „Синиот квадрат претставува спремност и издржливост, а црвените ленти се храброст. Америка е сето тоа. Што ако тие елементи останат?“

Последната промена американското знаме ја доби пред повеќе од 60 години, кога новите држави Алјаска и Хаваи добија ѕвезди.

„Шеесет и две години подоцна, во 2021, сменети сме и време е за ресет, трансформација. Таква што ги претставува сите држави и сите нас,“ заклучува Греј.

24 јуни 2021 - 11:45