Мора да го гледате „Круела“

Ми фалат зборови да се изразам колку е филмот јак и колку многу треба да се гледа. Не знам ни да пишувам толку добро колку што е филмот добар, па праведно да му ги доловам сите елементи, што не значи дека нема да пробам.

Па, не е само да ставиш трепки, треба некогаш и лице да измиеш

Козметичарка пушти видео на ТикТок што за кратко стана вирално и тоа од погрешни причини: прикажани вештачки трепки, толку гадни и несредени што сакаш, а не можеш да тргнеш поглед.

Фустанот што наводно сите ќе го имаат летово

Се работи за едноставен модел, лесен за копирање, па затоа е достапен во сродни варијанти на повеќе места.

Friends Reunion: антиклимактично, во најдобар случај

Откако постои серијата, и откако заврши, публиката бара де одново собирање, де филм, де било што што би ги донело сите шест актери на исто место, па после долги години молење добија: „Пријатели: Повторно заедно“, епизода од скоро два саати каде што имаше… Па, ништо посебно, реално.

Имаме нова дијагноза за секирање: Токсична продуктивност

Што, мислите дека конечно научивме што е burnout и дека тоа ни е, прегорени сме? Демоде е тоа. Токсична продуктивност е новото. И како најнова дефиниција за изнудувањата на капитализмот стварно има смисла и се совпаѓа со многу индивидуални ситуации во моментов.

„Нормални“ родителски тактики што треба да одат во историја

Да повториме: Школо за родители нема, ама па има грешки што се повторуваат со генерации, а сѐ уште се сметаат за нормални и добри. На Редит некој поставува прашање: „Што е нормална родителска тактика што не треба да се смета за нормална?“ и одговорите баш отвораат очи.

Чудните викторијански дагеротипи со доилки

Сме виделе дагеротипи, ако не на друго место, барем по интернет. Фотографии од строги, сериозни, изнаоблечени викторијански фамилии, секој од нив со ентузијазам за другиот колку за една просечна бандера. Затоа и се издвојува оваа мала колекција на викторијански портрети на доење.

Оживувањето на „Сексот и градот“ ќе го помогне и небинарен лик

Откако најавија дека екипата ќе биде збогатена со нови ликови и ќе се прошири друштвото на Кери, Миранда и Шарлот, продуцентите се пофалија со првите детали на оваа тема - ќе има небинарен, стендап комичар во сите 10 епизоди.

За некои луѓе уште од визит-карта сфаќаш дека се генијални

Како да те запамтат и тебе и бизнисот во време на Гугл кога визит-картите ништо посебно не значат? Е па, ќе збеснеш од креативност, и некако, порадо ќе ти ја гледаат картичката отколку да те гуглаат. Дури и ќе ја чуваат на посебно место, да не им се изгуби, како што е бонтон кај Јапонците.

Шер ќе добие биографски филм

Или, ако сакате, ние ќе добиеме биографски филм за Шер.

Шанел со краток филм ќе истражува што значи слава

Стогодишнината од Chanel N°5, Шанел ќе ја обележи со Лил Бак, Грејдон Картер и Марион Котијар.

Ќе има хаотична нова серија за Убер

И Џозеф Гордон-Левит ќе глуми.

Тимоклеа си го убива силувачот

Сликата на Елисабета Сирани од 1659 со наслов „Тимоклеа го убива својот силувач“ прикажува популарна приказна опишана во биографијата на Александар Македонски на Плутарх.

Кендал Џенер никако да куртули од културолошко присвојување

Сега има реклама за текила и ја караат дека се појавува во „мигрантско шик“.

Криси Тиген ја откачија три бренда

Откако, во духот на модата, на Кристи Тиген од нафталин ѝ извадија силеџиски твитови, во истиот тој дух и три брендови ѝ откажаа љубов и прекинаа соработка.

Коментарите на Фран Либовиц на Амазон се инстант животни филозофии

Освен што е автор и интелектуалец, Фран Либовиц посветено остава критики на рандом производи на Амазон, и тие што највеќе ќе му бидат од помош на обичниот човек се тие со една ѕвезда.

Да се повозиме низ Њујорк, ама во 1930

Лесно е денес влогер да излезе со вклучена камера низ улиците на Њујорк и да сними како градот дише во 2021. Оди доживеј го преку видео од 1930-те да те видам.

Важни прашања и уште поважни одговори за бременост

Ова доктори не го кажуваат. Можеби некои баби, ама не сме сигурни.

Може да престанеме да се преправаме дека 69 е добра поза?

Да биде јасно, ги разбирам практичните намери тука. Еден мене, еден тебе и после продолжуваме со секс-секс. Ама еве што е работата: јас не добивам никаков оргазам вака. А да бидеме искрени, ни ти.

Сет Роген не сака да има деца - и таман му е

Веќе не му е непријатно да си каже гласно.

Мајки вс. Дадилки

Сингапур вработува над 225.000 куќни помошници/помошнички од странство на годишно ниво. Често работат 24/7, што значи без ниеден слободен ден. А често и се грижат за децата во семејството 24/7 - наместо мајките.

Историја на чевли во слики

Во модниот музеј во Бат има изложба со наслов Shoephoria, со 350 пара чизми и чевли, која ја илустрира нивната еволуција во последните 300 години, демонстрирајќи ја креативноста и стилот и на тие што ги правеле и кај тие што ги носеле.