Би одбиле 35 милиони долари за еден ден работа?

Џорџ Клуни, на пример, одбил.

Не дека има човекот финансиски проблеми, ама сепак не е сеедно да одбиеш плата од 35 милиони долари за еден работен ден. Му ги понудиле за улога во реклама за авионска компанија, но решил да одбие откако поразговарал со сопругата, Амал Клуни која е адвокат за човекови права.

„Ми понудија 35 милиони долари за еден ден работа, за реклама за авиокомпанија, но зборував со Амал и решивме дека не вреди.

Компанијата е од земја која, иако е сојузник, е повремено проблематична и си помислив, ‘И една минута да ме остави без сон, не вреди.’“

Шпекулациите се дека се работи за Обединети Арапски Емирати, заради зборот „сојузник“, но во таа категорија спаѓа и Турција - Туркиш Ерлајнс веќе имаат реклама со Кевин Костнер.

Ако е Етихад или Емирати, не е дека се за жалење - ни на Џенифер Анистон, ни на Никол Кидман не им фали сон.

 

9 декември 2021 - 13:51