Иако радоста и среќата се позитивни експресии, не се исто. Среќата е состојба на умот и добросостојбата, што трпи модификации заради надворешни услови. Радоста од друга страна, може да се смета за спонтано и често несвесно чувство, но побогато и познајачно од среќата. Интензитетот на емоцијата што ја чувствуваме кога искусуваме радост доаѓа од внатрешна конекција со нешто што го вреднуваме и присуство во моментот за да го цениме тоа.
Последниве неколку децении, психолози, психијатри и други истражувачи од водечки универзитети собирале и анализирале податоци за да издвојат што точно ја дефинира радоста. Не се согласуваат секогаш околу дефиницијата и користат термини како радост, блаженост и среќа во нивните наоди. Сепак, Речникот на американската психолошка асоцијација ја класифицира радоста како два посебни типа: „пасивна радост“, што опфаќа смиреност и задоволство, како кога сме сами во природа; и поекспресивната „активна радост“, поврзана со вклученост и желба за споделување на чувството со други.
На крај, радоста може да нè доведе до создавање на лични односи, да засили семејни врски и да ја развие заедницата. На пример, бебињата се програмирани да реагираат со неодолива радосна насмевка кога ќе направат контакт со очи со тој што се грижи за нив. Таквите социјални реакции се предизвикани од, и за возврат создаваат заедничка радост.
Според Џенифер Акер, професорка и бихејвиорален научник, „Радоста не е среќна случајност, туку избор што го правиме. Се работи за дарежливост со смеењето и наоѓање моменти за уживање во денот. Кога не се сфаќаш себеси пресериозно, се смееш без напор. И тогаш протекува радоста.“
Ако свесно да поработиме на случајот, тогаш еден од чекорите е да се прифати и да се ужива во состојбата на смиреност. И ако треба, дури и да се „закажуваат“ моменти на радост. Постои еден феномен што се вика „хедонистичка адаптација“, или вродената способност да се вратиме на лично, претходно одредено ниво на среќа, без разлика колку некој настан ни го сменил животот. Ова е кога ќе се случи нешто што нè радува, и веднаш штом го искусиме, се навикнуваме и проаѓа првобитното чувство на среќа. Доброто е што сепак има начини да се култивираат продолжени моменти на радост и ова почнува со свесноста. Со препознавање на фактот дека имаме природна тенденција да балансираме интензивни емоции, можеме да бираме активности како хобија, водење дневници и помагање на другите за да ја промениме основата на сопствената радост и среќа.
Иако комплексна, радоста не е невозможна за наоѓање. Најинтересното и најважното е што, штом ја најдеме, радоста е нешто што можеме да го отпакуваме во текот на целата година.