Џенифер Анистон призна дека морала повремено да напушта снимање кога се снимало Friends Reunion, откако се потсетила на „најтешкиот период во животот“.
Инаку, се собраа во мај годинава, 17 после крајот на серијата. Кратко по последната епизода, Џенифер Анистон и Бред Пит се разделија, па добивме јавна врска меѓу него и Анџелина Џоли.
Анистон во интервју за Холивуд Репортер кажа,
„Навистина многу се забавувавме заедно. Мислам дека бевме многу наивни кога влеговме во тоа, мислејќи, ‘колку ќе ни биде забавно ова! Ги склопуваат сетовите идентично како што беа.’ И потоа пристигнуваш таму и си велиш, ‘о, да, не помислив на тоа што се случуваше последниот пат кога бев тука.’ И си викаш, ‘Здраво, историјо, се сеќаваш на мене? Се сеќаваш колку беше ужасно? Мислеше дека сè е пред тебе и дека животот ќе биде прекрасен и потоа помина низ можеби најтешкиот период во животот?’“.
Откривајќи дека морала да излегува од сетот повремено, додава и дека ѝ било многу освестувачко, и „се разбира, камери имаше насекаде, а јас сум веќе емотивно соголена, може да се каже, па морав да излегувам на моменти. Не знам како го монтирале тоа.
А беше шокантно, сите имавме некаква замисла каква ќе ни биде иднината, дека ќе работиме, дека ќе се фокусираме на ова, или она, и сè се смени преку ноќ и толку беше.
Но, сепак е благослов, да можеш да ги видиш подемите и падовите во животот на тој начин. А да не се случеше сето тоа, немаше да седам тука и да бидам жената која што сум.“
Делови од средбата ѝ биле дури „брутални“. Тоа го сподели со Роб Лоу во неговиот подкаст Literally!
„Враќањето таму беше носталгично на еден начин што беше истовремено и меланхоличен. Затоа што многу работи се сменети, сите сме на различни патишта, некои лесни, некои не баш толку лесни. Беше брутално, а сепак, не можеш да го исклучиш. Навистина го доживеавме потешко отколку што очекувавме.“