„Мислам дека е погрешно да се мисли дека жените не можат да бидат секси после одредена возраст,“ вели за Јаху Лајф. „Прифаќањето на телото доаѓа подоцна. Сега многу повеќе живеам во моето тело од било кога. Сега чувствувам како да ми припаѓа, а тоа во младоста не беше така.“
Шилдс се појави како дете-актер и модел и растеше пред камери, па не ѝ е туѓ притисокот да мораш да се однесуваш и да изгледаш некако пред очите на јавноста. Сега како постара, односот што го има кон нејзиното тело и сексуалноста е редефиниран многу пати, под нејзини услови.
„Сексот за мене е еволуиран. Кога имав 20 и нешто, секогаш ме плашеше затоа што бев девица до 22. Мислев дека правам злосторство против човештвото што сум католик и немажена. Многу вина чувствував,“ објаснува таа. „Од 30 натаму, не се работеше за тоа да се биде секси. Требаше телото да работи за да создаде нешто. Тоа беше 10 години работа. И дури во 40-те почнав да размислувам за сексот како мое искуство, не нечие друго во кое само се снаоѓав.“
Само нејзиното искуство го предизвикува начинот на кој жените се уверени дека нивната атрактивност се намалува како што стареат. „Има погрешен концепт дека ако не можеш веќе да раѓаш, како да не си веќе важна во светот, затоа што не го одржуваш повеќе. А во мојата кариера како да сакаа да кажат - не те бива штом наполниш 40.“
Шилдс ги предизвикува овие верувања со тоа што работи и пред и зад камерата во моментов. Се појавува во романтична комедија на Нетфликс (A Castle for Christmas), и има други проекти со кои ги потсетува жените на нивната вредност.
„Почетокот е сега“ е платформа за жени над 40 - токму на таа возраст Шилдс сфатила дека е возрасна. „Значи не сме на крајот, туку на почетокот. И постојано велам, како сега да почнувам. Сакам тоа да го претставам, да им помогнам на жените да најдат храброст и да ризикуваат, и со издржливоста што ги донела до тука навистина да му се израдуваат на следното поглавје.“
За нејзе, следното поглавје е исполнето со љубов кон себе. Бидејќи, како што вели, со возраста доаѓа и едно чувство на самодоверба и мудрост, и дека тоа е главната порака.
„Има виталност во нас. И мислам дека тоа се покажува сексуално. Се покажува со авантура. Со самодоверба. Влегуваме сега во просторија и мислиме дека немаме што да изгубиме. Има една некомплицирана карактеристика во тоа.“