Вака е тајмлајнот од прилика:
Со месеци се чекаше и се радуваше за продолжението на Сексот и градот насловено како And Just Like That...
Се седна со уживање да се гледа истиот момент кога стигна на HBO.
Од одма, од првата епизода, на крајот, пропратено со драма и солзи, Кери Бредшо завршува со „И така... Sверката умре.“
Фановите ширум светот навалија на последните постови на Сара Џесика Паркер и Крис Нот да кукаат, да негодуваат и да се расправаат дека не е фер - што не е, затоа што да сакавме да си плачеме, ќе пуштевме Армагедон, не серија што треба да е комедија.
Мистер Биг умре од инфаркт на Пелотон точак за вежбање.
Акциите на Пелотон паднаа дента кога излезе епизодата.
Базфид и еден куп медиуми се обратија до Пелотон ДА СЕ ОБЈАСНАТ НА ШТО ЛИЧИ ОВА.
Пелотон мртви озбилни пуштија официјална изјава дека, иако им е и на нив жал за Биг, сепак, човекот склон си беше на срцеви проблеми, ете нели и во шеста сезона имаше операција, пушеше, јадеше мрсно...
Не им помогна.
Можеби ќе им помогне ова, дур е сето ова уште актуелно?
Мора да се признае дека е финта: