Во интервју со Пирс Морган, Катрал, која не се вклучи во продолжението на Сексот и градот за чија прва епизода се слушаат пискотници по светот, отворено изрази презир кон Паркер. Во 2018, кога почина братот на Катрал, Паркер коментираше на нејзината објава на Инстаграм за сочувство, на што Катрал ѝ одговори:
„Не ми треба ни твојата љубов ни твојата поддршка во овој тежок момент. Ти не си ми семејство. Не си ми другарка. Ти пишувам да ти кажам последен пат да престанеш да ја експлоатираш нашата трагедија за да си ја оправдаш маската на „фина девојка“.
Сега Нот, кој вели дека е „заштитнички настроен“ кон Паркер, вели дека Катрал, во основа, претерува. Дека тој опис „не е ни блиску“ до тоа каква е Паркер приватно.
„Морам да ви кажам, апсолутно немам поим како размислува или кои ѝ се емоциите,“ објаснува Нот во интервјуто. „Она што знам е дека сум близок со СЏ и описот на Ким за нејзе не ја опишува ни одблиску точно. Ми се допаѓаше таа, мислам дека беше неверојатна во серијата и некои луѓе си имаат причини за напуштање. Не ги знам нејзините. Само посакувам да не се случеше сето тоа затоа што беше тажно и непријатно. Не ми се допаѓа кога гледам како ја омаловажуваат СЏ затоа што таа е мета, а луѓето можат да бидат гадни. Заштитнички се однесувам кон неа и не ми е драго тоа. Само тоа имам да кажам.“
Кога почна драмата, Катрал сподели дека нема интерес да прави трет филм Сексот и градот, па не беше ни изненадување кога се дозна дека нема да се враќа ни во серијата.
Него, ја гледавте ли првата епизода од And Just Like That..., и што правиме со крајот?!