Идејата зад серијалот е да се демонстрира, како што и насловот кажува, моќта на шминката, но истовремено да се поразговара и за феноменот наречен мејкап шејминг, или ругање за шминка. Тоа е кога некои луѓе мислат дека треба да имаат некакво мислење за тоа колку и каква шминка некој користи.
„Пациентот“ почнува со голо лице, па со разноразни производи, Ники шминка и опуштено разговара за нешта релевантни за гостинката - овој пат за албумот на Адел, 30, а Адел признава и дека ѝ е тешко да нанесува туш. А истиот туш и начинот на ставање ја издава од авион дека е таа.
За фанови на шминка и фанови на Адел: