Токму тоа и се случува - за празничната кампања на стоковната куќа, пуштаат краток филм поврзан со The French Dispatch, со нарација на дизајнерот и редовен соработник на Андерсон - Варис Алувалија. Се појавуваат Емили Боуд (како Марго Тененбаум) и Кристофер Џон Роџерс. Дедо Мраз го игра Марк Џејкобс, кој наместо со санка, со комбе разнесува луксузни подароци низ градот.
Рекламата ја режира потпретседателката на креативниот сектор и бренд-маркетинг - Ел Штраус, и без разлика што не го спомнуваат, самиот Бергдорф е еден од брендовите вклучени во промоцијата на најновиот филм и минатиот месец дури и излозите им беа уредени во тој дух.