Една пореална инфлуенсерска утринска рутина

Нека не лажат дека вежбаат јога од сабајле само, другото ќе го истрпиме.

Феминизмот на страв е лош за жените

Текст на Ела Велан за Спајкд, инспириран од расположението во Велика Британија во однос на насилството врз жени. Секоја сличност со локални ситуации е случајна.

Како политичката коректност ќе го убие романот

Авторката Сали Руни е обвинета за расизам затоа што измислила лик што е расист.

Па, супер беше Ким на СНЛ бе?!

Па, искина. Малку беше неочекувано да се покани Ким Кардашијан на СНЛ, ама не е вчерашна, па одма си го отвори монологот со тоа. Со сите основи на комедија (читај: себезаебавање).

Каква била Мерил Стрип за време на снимањето на „Ѓаволот носи Прада“?

Анегдота што ја кажува Ен Хатавеј за искуството да се работи со Мерил Стрип на филм. Излегува дека супер ќе ти биде ако игра фина особа. Ама ако ја игра Миранда Присли…

Кај е Џофри?

„Со задоволство ќе жртвувам голем хонорар за мојата среќа.“

Зошто не се трпат Хауард Стерн и Џо Роган?

Не се само коментарите за Ивермектинот, имаат тие и други закачки.

Од кога фановите на поп-музиката се опседнати со бројки?

Продажба, стримови во прва недела, шанса за платинест албум… Да си фан станува игра на бројки сега.

Тина Тарнер и Ервин Бах

После Ајк, Тина и тоа како заслужи љубов: ја најде во Ервин Бах, успешен германски продуцент, со кој ѝ се сретнале патиштата во 1985, а се венчаа во 2013.

Изгледа доаѓа новата ера на Адел

Гласините се дека ќе има нов албум со наслов 30, ама не се знае точно кога.

Неочекуваните барања на Пол Макартни за време на турнеја

Сака да собира коли и скапи имоти, ама освен тоа, прилично е штедлив.

Асиа Арџенто како Јоко Оно

„Често си ја обвинувам жолчката за почетокот на крајот на животот на Тони,“ вели режисерот Мајк Стид во извадок од „Бордејн: Дефинитивната усна биографија“.

Како филмовите ја грешат античката мода

Во повеќето филмови за стара Грција гледаме женски ликови во совршено скроени „грчка божица“-фустани, со заводливи деколтеа и слични недоследности. Реалноста била малку поинаква.

Смислата на животот, според Симон де Бовоар

„Не се раѓа, туку се станува жена.“

Рутината на Урсула Корберо од Ла каса де папел

Наспроти грубата комплексност на нејзиниот лик од серијата, Урсула Корберо во приватен живот обрнува малку повеќе внимание на нега на кожа. Видеото е од серијалот на Вог каде што најзанимливите жени во светот споделуваат мудрости и цаки за кожа и шминка.

Кајли Џенер е пак на тапет

Овој пат заради костимите за капење што ги смисли.

И Балканци на Јадран да позавидат

„Ми се носи некое златно ланче, дебела плетка...“

Симпсонс и Баленсијага

Па еднаш и ќе убодат, добро.

Потсетник од Ребел Вилсон

По прославувањето на 40-от роденден, Ребел Вилсон на светот му дава потсетник на тема себеподобрување.

Намерно да изгледаш сиромашно е тренд, ама зошто?

Кога Ким Кардашијан почна нејзиниот богат животен стил да го покажува со матни слики од дом со малку мебел, фановите ја обвинија дека се преправа дека е сиромашна. Истата година, Баленсијага го изеде (и не го дојаде затоа што си продолжи) за Икеа кесите од 2000 евра.

Во ред ли е тинејџери да пијат кафе?

Како се запрашавме свечено, ко да е фер да им забраниме.

Бритни е на чекор до слобода

Џејми Спирс (таткото) е официјално суспендиран како старател на Бритни од денес и на сослушувањето во средата, судијката Бренда Пени ја разгледуваше иднината на контроверзното старателство под кое Бритни живешее 13 години.

Агент 355 - првата жена-шпион во Америка

За Мата Хари сме слушнале, куртизаната и женски шпион која заведувала мажи да издаваат сериозни државни тајни за време на Втората светска војна. Стана популарна, ја играше Грета Гарбо на филм во 1931 и нејзината приказна има инспирирано еден куп романтични приказни. Но, за добар шпион е потребна анонимност, па тука на сцена стапува „Агент 355“, и името уште не ѝ се знае.

Минимализам во 4 чекори

Иако доаѓа време на максимализам, а со минимализмот се претера, има моменти во животот кога може да помогне, чисто за расчистување на менталниот и физичкиот простор што не може да мрдне од хаос.