Чиста Дана за возрасни: Колку често треба да се мие лицето?

Знаеме за сабајле и навечер, ама само тоа ли е?

Проблематични мислења на оваа тема има колку што има и луѓе, не се проблемите ограничени само на рутината за нега. Од Космополитен разговараат со дерматолог, и дерматологот има вака да каже:

Два пати дневно - еднаш сабајле и еднаш навечер.

Значи, во право сме биле.

Сепак, ова е генерализација што функционира за повеќето типови на кожа, и тоа под услов да користиме нежен гел за миење лице што не го иритира на секое користење. Истовремено, излегува дека не било криминал ако миете лице само еднаш дневно.

Има придобивки од миење лице на сабајле: се отстрануваат останати бактерии од перница, коса или плунка. Не само тоа, туку и е важно за рутината за нега. За состојките да се апсорбираат како што треба, лицето треба да е сосема ослободено од масла и наслаги, според Мона Гохара од медицинската школа на Јејл.

Дали мора и навечер?
Ако се противите на два пати дневно, тогаш тој еден пат мора да биде навечер.  Во текот на денот, кожата акумулира прљавштини, загаденост и наслаги, плус маснотии и пот. Ако го оставите сето тоа на лицето, се разбира дека ќе тргне нај-наопаку што може.

Може ли да се мие само со вода?
Може, ама водата не може да го „прочисти“ од сè што спомнавме погоре. Паметно е да се користи нежно средство за миење, особено ако кожата ви е склона на акни.

И да, дури и да не носите шминка, лицето мора да се мие.

И на крај, дали мора два пати дневно?
Наводно, не мора. А ич не мора повеќе од два пати дневно. Сè зависи од индивидуалниот тип на кожа и типот на производи за нега на кожа што ги користите.

Сè се сведува на личното искуство и она што ви функционира на вас за вашето лице.

Гохара вели,

„Дерматолог сум 14 години и никогаш немам кажано на пациент дека мора два пати да го мие лицето, без разлика на состојбата на кожата.“

Патем, да повториме како и секогаш кога се пишува на тема кожа - еднаш, два пати или колку и да решите - прво консултација со дерматолог.

Немојте само ич.

15 март 2022 - 00:01